11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Зимската опрема – превенција за безбедност во сообраќајот

Eдукативна кампања за носење на зимска опрема на возилата се одржа денеска во центарот на Прилеп, во организација на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот при Министерство за внатрешни работи – Отсек за превенција при СВР – Битола, Полициска станица Прилеп и компанијата за увоз и извоз на пневматици „Мотоцентар“. Употребата на зимска опрема и обврската за користење на зимска опрема се однесува на периодот од 15 ноември до 15 март следната година и ги опфаќа  сите учесници во сообраќајот независно од тоа дали патуваат во населено место или надвор од населено место. Законот нуди две можности, од кои едната е со користење на летни гуми со минимална длабочина на шари од 4 милиметри и синџири за снег, а другата опција е користење на зимски гуми.

„Под зимска опрема се подразбира зимски пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 4 мм, или летни пневматици на сите тркала со мин. длабочина на шарите од 4 мм и синџири за снег на погонските тркала. Истражувањата покажуваат дека опцијата за користење на зимски гуми е поисплатлива во споредба со летни гуми со синџири . Зимските гуми, важно е да знаат граѓаните не се само гуми за снег, туку тие се идеални за температури под 7 степени Целзиусови. Во услови на ниски температури, летните гуми добиваат својство на пластика и пролизгуваат на коловозот. За разлика од тоа, во услови на ниски температури зимските гуми се направени од материјал кој што останува мек и обезбедува стабилен контакт со подлогата. “, рече Ристо Манчев од РСБСП.

Од РСБСП апелираат до сите учесници да го почитуваат Законот и да поседуваат зимска опрема . Доколку кај возила со тежина до 3.500 килограми возачот поседува зимски гуми, нема задолжителна обврска за поседување на синџири за снег. Санкционирањето во претстојната зимска сезона ќе биде согласно постојниот правилник за зимска опрема во автомобилите, со кој се пропишува казна од 15 евра. Кампањата за носење на зимска опрема започна на 15 ноември,  согласно законската обврска за носење на зимска опрема за сите учесници во сообраќајот и ќе треа до 15 март 2021 година.

Би можело да ве интересира

Започна изградбата на новата детска градинка во Точила

Гордана Цветаноска

Ќе се врши дезинсекција во Прилеп и населените места

Пела Редакција

Традиционален Божиќен ручек за 500 деца

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе