13.9 C
Прилеп
среда, 9 октомври, 2024
Пела Радио

ИН МЕМОРИАМ: Почина уметникот Илија Миноски – Мината

Големиот и исклучителен уметник, педагог, кој целиот свој живот му го посвети на акварелот и на ликовната уметност, прилепчанецот Илија Миноски – Мината, почина денеска.

 Илија Миноски е роден 1936 година во Прилеп. Миноски, завршил училиште за применета уметност во Скопје, а во 1978 година дипломирал на Педагошката академија во Скопје, во одделот за сликарство. Работел како дизајнер во Велес во фабриката за порцелан. Од 1962 година до пензионирањето тој работеше во својот роден град како наставник по ликовно образование во ООУ „Климент Охридски“ во Прилеп, каде што остави траги врз бројни генерации всадувајќи ја љубовта кон ликовната уметност. 

Учествувал и на повеќе заеднички изложби на ДЛУП, на ДЛУМ во Лесковац, Валево, а бил учесник и на повеќе ликовни колонии.

 Во 2013 година ја добива наградата за животно дело на град Прилеп – „3 Ноември“.

 Погребот ќе се одржи утре на Старите Градски гробишта, а телото ќе биде положено во црквата Свети Кирил и Методиј ( Параклис ) утре од 8.00 часот.

Би можело да ве интересира

Првиот ден од новата година и струјомерите почнаа да вртат по нови цени, а на сметките се воведе и нова давачка

Елизабета Филипоска

Ден на независната продукција што игра македонски автор на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Се санира патот Крушево – Пуста Река

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе