Прилепската област каде што се снимаше „Врба“ влезе меѓу топ 5 во конкуренција со локации од 28 земји. Локацијата на Мариово и Трескавец е во финалистите за наградата „Најдобра филмска локација во Европа“ што ја доделува Европската мрежа на филмски комисии и претставува лик во приказната, како што е во сите филмови на Манчевски.
На официјалниот сајт на Европската мрежа на филмски комисии EUFCN е отворено гласање за петте финалисти што трае до 12 јануари 2021, каде за филмот „Врба“ може да гласа.
На официјалниот сајт на EUFCN е отворено гласање за петте финалисти што трае до 12 јануари 2021, а за „Врба“ може да гласа на следниов линк: https://eufcn.com/eufcn-location-award-finalist-prilep-area/?fbclid=IwAR0BD5YXutm6dpCzzn0mIRPO3RcA3iI7lo8DsLazyE2DkpopYRnLdQRrUeU
За наградата Најдобра филмска локација во Европа останатите финалисти се: Банска Штјавница од словачкиот филм „Дракула“, Езерото Резија близу Курон од италијанскиот филм „Курон“, замокот Моритсбург од германскиот филм „Ангелите на Чарли“, црквата Пажаисли и манастирскиот комплекс околу неа во Литванија од филмот „Катерина Велика“.
Наградата на победникот ќе му биде врачена во февруари на Берлинале.
Инаку „Врба“ е македонскиот кандидат за Оскар за 2021 година. За една година од светската премиера на Римскиот филмски фестивал, „Врба“ освои вкупно пет трофеи, постигна рекорди во кино и ТВ-прикажувањето дома, доби одлични критики во светските медиуми, над 20 фестивали на четири континенти, а филмот го продолжува фестивалскиот поход со несмалено темпо што времено беше запрено поради пандемијата.