14.4 C
Прилеп
понеделник, 16 септември, 2024
Пела Радио

Бидeте дел од хуманитарната акција “Божик 2021“ при храмот „Св.Благовештение“ – Прилеп

Со мал измени, поради новонастанатата здравствен криза, по 12ти пат, со поддршка на верниците и сите добронамерниципо, ќе се одржи хуманитарната акција за помош на бедните и сиромашни сограѓани во нашиот град, која изминатите години се одржуваше, главно, на денот на   патронот празник на Прилеп, „СВ, Никоал“ во организација на хуманитарна организација „Св.Никодим Прилепски – Тисмански“ при храмот „Св.Благовештение“ – Прилеп.

Но, годинава, поради ковид кризата, хуманитарнта акцијата “Божик 2021“  нема да се одвива само на 19.12.2020 г., односно само на празникот Св.Никола, како предходните години, туку веќе таа е започната и ќе трае подолго, со единствена цел да им се даде можност на сите кои сакаат да помогнат и да донираат.

Кутиите во кои се собираат парични средства веќе се поставени во прилепските храмови и ќе останат до крајот на месец декември во црквите: Св.Благовештение, Св. Кирил и Методиј, Св. Преображение и Св. Петка – Точила. Акцијата се состои во донирање на паричен прилог според, (можности на донатрите), во посебно означените кутии во храмовите чии средствата и овој пат ќе бидат наменети за скромно, правилно и христијански да им се  помогнеме на сиромашните сограѓани за и тие да ја почуствуваат празничната радост и да се зарадуваат во еден од најсветите и најрадосни празници „Рождество Христово – Божик“.

„Да се трудиме да го следиме делото на св.Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски, кој секогаш тајно ги помагал сиромасите, и да го молиме да се застапува за нас и за нашиот град пред престолот Божји. Нека Господ Бог го благослови вашето добро дело! – се вели во обрајќањето на Хуманитарна организација „Св.Никодим Прилепски – Тисмански“ при храмот „Св.Благовештение“ – Прилеп

Би можело да ве интересира

Почист воздух – приоритет на младите во Програмата за млади

Вљубениците на природата во акција за обновување на планинарскиот дом “Томе Темелкоски” на Селечка

Пела Редакција

Хуманитарна лотарија во Градската болница за Светскиот ден на предвремено родени бебиња

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе