10.9 C
Прилеп
среда, 23 април, 2025
Пела Радио

Во Крушево закани и навреди помеѓу две лица, политички опоненти

Вчера (16.12.2020) во Полициската станица во Крушево, В. Д од Крушево пријавил дека околу 19.40 часот бил физички нападнат од Т.Х. од Крушево. Веднаш,  во исто време, во Полициската станица Крушево, Х.Т. пријавил дека околу 19.40 часот на ул.„Никола Ѓурковиќ“ тој бил навредуван од В.Д, при што настанала расправија.  

Во меѓувреме, во соопштението од локалната власт се вели дека Градоначалникот на Крушево, Христоски реагирал веднаш на својот профил , негирајќи било каква физичка пресметка, „а партијата на ОК на  ВМРО ДПМНЕ Крушево, синоќа објави дека наводно градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски физички нападнал граѓанин на општината, односно, како што пишуваат од партијата, член на ОК ВМРО ДПМНЕ Крушево.“ – се вели во соопштението до нашиот медиум.

Инаку,полицијта презема мерки за расчистување на случајот, информираатод СВР Битола.

.

Би можело да ве интересира

Физички нападнати две жени во нивните домови

Гордана Цветаноска

ПОЖАР ВО ПЛЕВНА ВО с.ГОЛЕМО КОЊАРИ

Елизабета Филипоска

(Фото ) Гореше етно ресторанот „Македонска куќа“ во Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе