5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Како да се “спасиме“ од високиот крвен притисок?!

Зошто се покачува крвниот притисок? Може ли навиките на исхрана да ја сменат оваа состојбата?! Нутриционистите велат исхраната и конкретните прехранбени, кои луѓето ги практикуваат, играат голема улога врз развојот на хипертензија или висок крвен притисок.

„Правилните промени во исхраната ќе ви овозможат да отрфрлите одеднаш неколку од наведените ризици поврзани со високиот крвен притисок и неговите последици . Така што овие промени се голем и значаен чекор кон регулирање и придонес на нашето целокупно здравје, намалување на ризикот за хипертензија или намалување на ризикот за компликации. Но, без разлика дали користите фармаколошка терапија или не, исхраната СЕКОГАШ е голем и траен ПРИДОНЕС и ВЛОГ во вашето здравје.„ –потенцира, нутриционистот Викторија Илиоска, од НутриВи клубот-Прилеп

Колку сериозна е состојба хипертензија?

Лошите вести поврзани со  покачениот крвен притисок се или неговите  причинители или неговите последици, а понекогаш и двете.  Често, и дијабетесот, артеросклерозата, а понекогаш и бубрежните заболувања, можат да бидат причинители за висок крвен притисок.

Како и да е состојбата треба да се сфати сериозно, и да се реагира, кога крвниот притисок ќе надмине 130 со 80 mmHg; да не се занемарува покачените вредности и да не се дефинираат како ‘’нормални’’.

Кои се основните препораки за регулација на крвниот притисок

– зголемениот внес на калиум преку исхраната,
– намален внес на сол и
– воведување на одредени намирници во консултација со нутриционист

 – намален внес на заситени масти.
– воведување на РЕДОВНА физичка активност
– обид за регулација на стресот и вовед на механизми за справување со стресот

Што да се јаде?- Решението лежи во балансирана исхрана

– Да се внесуваат мононезаситени масти кои ги има во јаткастите плодови, семињата, маслиновото масло.  (Но, тоа што треба да се намалат заситените масти од нашата исхрана, не значи дека треба целосно да се насочиме само кон јаглехидратна исхрана за тоа да биде наше решение. Исто, како и кај дијабетот што не значи дека ако шеќерот е проблемот, треба целосно да се префрлиме на исхрана богата со масти. Тоа не се вистинските решенија!)

Решението лежи во воведување на балансирана исхрана, со ставен акцент на потребните намирници за кои научните студии потврдиле дека придонесуваат за подобрување на состојбата.

– зголемена употреба на растителни влакна преку многу овошје, многу многу зеленчук, легуминози и целозрнести житарици.

– Бројни аминоикселини, кои ги добиваме од протеините : леуцин, триптофан и Л-аргинин за кои студиите покажале дека имаат ефекти кои го намалуваат крвниот притисок, паралелно се добри и за регулација на шеќерот во крвта, бубрежна функција и други биохемиски патишта кои придонесуваат до регулација на крвниот притисок.

– Калиумот – внесот на 0.6g калиум дневно, го намалува систолниот крвен притисок за 1.0mmHg. А,храна богата со калиум се бананите, портокалите, кајсиите, цитрусно овошје, компири, печурки, грашок, тиквиња, тикви, брокула, спанаќ, зелјест зеленчук и сите легуминози, леќата, гравот итн.

Магнезиумот – исто така важен  врз регулацијата на крвниот притисок,   Авокадо, јаткасти плодови,  повторно легуминозите, семките, целозрнестите плодови, одредени масни риби како лососот и повторно бананите и зелјестиот зеленчук се богати со магнезиум.

Впрочем , преку калиумот и магнезиумот и генерално си придонесуваме за нашето целокупно здравје и внесуваме храна која освен овие минерали содржи уште безброј други корисни состојки во себе. Значи добивката е сестрана!

Би можело да ве интересира

Новогодишен подарок за своите фанови – Нов хит на прилепскиот ју тјубер Влатко 19 (ВИДЕО+ ФОТО )

Никола Димески

Ташкоски: Негувањето на македонскиот мелос е наш аманет (Видео + Фото)

Никола Димески

Пиво Фест 2022 : Забава за сите генерации – Љубојна ги разигра посетителите (ВИДЕО + ФОТО )

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе