20.4 C
Прилеп
вторник, 15 октомври, 2024
Пела Радио

Заев во Прилеп: Од оваа криза ќе излеземе помудри и посилни, ставен во функција обновениот булевар „Гоце Делчев“

Денеска, на денот кога Прилеп го слави патронот на градот „ Свети Никола“, градоначалникот Илија Јованоски и премиерот Зоран Заев во функција го ставија реконструираниот булевар „Гоце Делчев“, како и дел од улицата „Прилепски бранители“.

„Како прилепчанец, се гордеам на изградбата на овој современ булевар чија вредност изнесува 62 милиони денари, булевар со каков може ретко која друга општина да се пофали. Покрај надземната, направена е и подземна инфраструктура, со комплетна реконструкција на примарната и секундарната мрежа на овој дел од булеварот. Поставено е ново улично осветлување, изградени се 4 коловозни ленти, велосипедски патеки, широки тротоари со гранитни плочи и тактилни траки за лицата со оштетен вид. Овој булевар ќе остане и за генерациите кои доаѓаат“, рече градоначалникот Јованоски.

Со честитки за празникот „Свети Никола“, во своето обраќање се приклучи и премиерот Зоран Заев .

„ И во време на пандемија не запре градежната офанзива во Прилеп и како резултат на тоа денеска официјално го пуштаме во употреба булеварот „Гоце Делчев“, како најмодерна сообраќајница со нов лик. Убеден сум дека од оваа криза ќе излеземе многу посилни и помудри и ќе разбереме колку се важни граѓанската солидарност, поддршката на институциите и меѓусебното помагање“, рече премиерот Заев, кој најави дека за особено значење за Прилеп отпочнуваат и други проекти: „Деновиве ќе стигнат во Прилеп на посебна сметка четири и пол милиона денари за главниот проект за новиот театар кој ќе се гради идната година, најави премиерот Зоран Заев при денешнипот престој во Прилеп. Ќе се реши и прашањето со водоводот до манастирот Трескавец кој е услов целосно да функционира комплексот кој ги доби новите конаци. Заев најави и други средства за инфраструктурата во Прилеп.


Покрај ставањето во функција на булеварот „Гоце Делчев“, по повод 99- годишнината од раѓањето на кодификаторот на македонскиот јазик, академик Блаже Конески, премиерот Заев, заедно со министерката за култура Ирена Стефоска и градоначалниците на општините Прилеп и Долнени, Илија Јованоски и Џемил Ќамили денеска ја посетија родната куќа на великанот Блаже Конески, положувајќи цвеќе пред неговиот споменик во чест на неговиот роденден.

„Оваа посета ја правиме и во пресрет на 100 годишнината од неговото раѓање која како настан за одбележување е запишан во календарот на УНЕСКО за 2021 година“, рече премиерот Заев.

Во таа насока, 2021 година ќе биде уште една глобална афирмација на македонскиот јазик, наука и култура и во таа насока, денеска, Министерството за култура ја започна подготовката на програмата со која во национални и во меѓународни рамки ќе се одбележи оваа значајна годишнина во текот на целата идна година.

Би можело да ве интересира

Победа денеска го игра одлучувачкиот натпревар за опстанок во Втората лига

Пела Редакција

Хрватски тур оператори се интересираат за Крушево

Елизабета Филипоска

Во Средните стручни прилепски училишта 85% од учениците сакаат да ја следат наставата со физичко присуство

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе