3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

68 години од формирањето на театарот „Војдан Чернодрински“

Со изведбата на веќе култната претстава „Од кол на кол“ во режија на Коле Ангеловски, денеска театарот „Војдан Чернодрински“ одбележува 68 години од формирањето. Публиката повторно ќе може да ужива во оваа најгледана претстава одиграна 115 пати и која десет години е на репертоарот и за која се уште се бараат карти повеќе. Ова е втора најгледана претстава во историјата на театарот веднаш по „Солунски патрдии“. Моментно на репертоарот се три претстави „Клетници“ од Виктор Иго, во режија на Мартин Кочовски, „Ништо без Трифолио“ од Р. Богдановски, во режија на Коле Ангеловски и “Хроника на еден сон“ од Ивана Нелковска, во режија на Ивана Ангеловска.
Завесата на Театарот првпат се кренала на 18 февруари 1950 година со изведбата на претставата “Кир Јања” од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски. Премиерите низ годините се ределе, се нижеле успесите. Колективот се збогатувал со искуство во катадневната пракса. Денес израсна во Ансамбл со актерски имиња кои покажуваат дека знаат и умеат да „согорат“ на сцената.
Во досегашното постоење Театарот ,, Војдан Чернодрински,, прикажал над 370 премиери, изиграл над 7500 претстави кои ги гледале над 1,6 милиони луѓе.
Театарот најголемите успеси ги постигна со претставата „Тапани во ноќта“ од Брехт, во режија на Мартин Кочовски, која се крена до димензии на бренд на македонскиот театар. Со ,, Тапаните..,, театарот освои три награди на фестивалот МЕСС во Сараево и беше победник на 44-то издание на МТФ ,, Војдан Чернодрински,,. Не помалку наградувана е ,,Кавкаскиот круг со креда,, која во 2011 година беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот ЕХ Понто во Љубљана, Словенија.
Голем успех досега постигнаа и претставите “Силјан Штркот” “Кумови”, Собирен центар”, “Туѓо сакаме свое не даваме”, “Молам за секс“, “Спиро Црне” “Колобан” “Арсениј” ,“Полковникот птица” , “Опера за три гроша” од Брехт и др.
Театарот во земјава се уште го има приматот на куќа во која се даваат праизведби на текстови од македонски драмски автори. Ансамблот брои 18 актери.

Би можело да ве интересира

Прва книга на македонски јазик од турската авторка Гонџа Озмен

Пела Редакција

„Игра на инструментите“ од Јовевски доби спот (ВИДЕО)

Пела Редакција

„Декамерон“ – прва премиера годинава на прилепскиот театар

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе