5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Предновогодишно со Ирена Јакимовска: Предизвиците од КОВИД 19 создадоа повисоки вредности во работниот колектив на Комфи Ангел – хуманост, солидарност и одговорност!

Уште неколку часа не’ делат од новата година, во која не’ очекуваат нови предизвици и идеи. Но, како измина 2020 година за текстилната компанија Комфи Ангел -Прилеп? Со кои предизвици таа се соочи во оваа здравствена криза? Дали пандемијата во работниот колектив на Комфи Ангел, предизвика креирање на нови вредности за значењето и улогата на компанијата, за важноста и одржливоста, за поголема самопочит, одговорност, солидарност и доверба?!

 Предизвиците на 2020 година совладани со колективната свест на највисоко ниво

Ирена Јакимовска : Позади нас оставаме година кој ни покажа дека оние кои се сконцентрирани, одговорни, фокусирани, оние кои имаат повисока колективна свест можат да се носат со сите предизвици кои ги донесе оваа година .

И, не само ние, туку и однадвор, ја препознаа нишката на нашата хумана вредност, а тоа е : дека креираме висока колективна свест, при што нашите вработени добија и награда од медумот Радио Пела, за најодговорен и најхуман колектив на град Прилеп, што за мене претставува голема чест, бидејќи за мене лично, човекот, работникот, е во фокусот на нашата компанија.

Работниците на Комфи Ангел, не само што ги поседуваат соодветните знаења и квалитети за конкретната работна задача, тие, пред  се’, се добри луѓе, добри колеги и одговорни работници.

Новата годинешна идеја, производство на заштитни маски, ја спаси компанијата!

Ирена Јакмовска: Кога сме кај оваа специфична година, во која и ние, и цел свет се соочи со нешто непознато, видовме и самите колку сме ранливи како луѓе. Таа наша ранливост, треба да не’ научи на поголема одговорност, себепочитување и почитување на другите. Нашите животи не треба да зависат од суета, туку од поголема вредност. И, во оваа година суетата ја тргнавме настрана и решивме да создадеме подобри вредности. Таков пристап имаше целиот тим на Комфи Ангел. И, од овие предизвици, благодарние на тој искрен пристап за да се спаси сопствената компанија и сите вработени во неа, се создадоа и се реализираа прекрасни идеи, меѓу кои и производството на заштитни маски. И, токму таа идеја ни помогна да се носиме со сите предизвици!

И, не само што тој сектор помогна за да може да ја надоградиме евентуалната финансиска загуба која постоеше во процесот на работењето на компанијата, (иако, за мене лично загуба би било ако изгубевме некој од нашите вработени), туку Комфи Ангел може да се пофали и со одржливост на системот.

Со таа нова идеја не само што успеавме да си ги задржиме вработените, туку во текот на оваа година успеавме да донесеме и нови вработувања, да го надополниме тимот со нови колеги.

Несебична помош во борбата против пандемијата

Ирена Јакимовска: Таа идеја, производство на заштитни маски, ни помогна, исто така, да ја покажеме нашата општествена одговорност без да има потреба јавно да се зборува за тоа. Ние, цврсто застанавме зад нашето јавно здравство, особено во нашата општина. Застанавме со сите неопходни средства кои и’ требаа на  болницата за јавното здравство да ја надмине оваа здравствена криза.  

Меѓутоа, и на многу различни места компанијата помогна онаму кај што беше неопходно, особено во институциите од јавен интерес: здравствениот дом, болниците, во градинките, училиштата –  несебично дониравме, континуирано.  Ете, тоа ни го овозможија маските!

И, веднаш, по првиот бран од здравствената криза, сфативме како колектив, дека ќе има и број на луѓе, работници, кои ќе ги изгубат работните места. И,  во соработка со Црвениот крст постојано дониравме финансиски средства со кои на работници, кои ги изгубиле работните места поради кризата, им беа обезбедени средства за неплатени долгови. Сето ова зборува многу за нас како компанија, на што сум посебно горда.

Ретроспектива за работењето во 2020 во неколку реченици

Ирена Јакимовска: И, сега, кога завршува оваа година можам да кажам дека сум горда, бидејќи го задржавме бројот на вработените и го зголемивме за повеќе, го надминавме планираното производство благодарение на новата идеја, производство на заштитни маски, и ги задоволивме потребите на нашите купци. Кај сите купци е доставена стоката навремено со соодветен квалитет.

Морам да ја искажам мојата благодарност до работниците за нивното несебично партиципирање во процесите на производството за да може да се стигне онаму каде што е неопходно. Вкупно, 70 лица, не можеа да бидат во одреден период на работните места заради настанатата ситуација, а колективот смогна сили и  ја надополнуваше таа загуба, па останавме одговорни пред нашите купци, пред нашите добавувачи, но и пред нашите вработени, што сум посебно горда. Затоа, благодарам на секој вработен поединечно!

    И, во Новата 2021 год. веруваме во Комфи Ангел!

Ирена Јакимовска : Се надевам дека новата година ќе ни донесе нови можности, нови позитивни мисли и нова енергија. Денес, и не се грижам, оти знам, дека каква и да биде годината, ние сме фокусирани да бидеме одговорни пред себе, пред своето семејство и пред својата компанија, Комфи Ангел. И, продолжуваме да си ја чуваме, бидејќи само Комфи Ангел постапи спрема нас сигурно, здраво и одговорно во оваа здравствена криза. И, во новата година важно е да си го чуваме сопственото здравје, а со тоа ќе го зачуваме здравјето и на другите. Јас и работниот колектив веруваме во компанијата Комфи Ангел која оваа година ги надмина предизвиците, веруваме во нас и знам дека за нас има подобро утре. Заминуваме на колективен одмор! Да се вратиме во Новата 2021 година со позитивна енергија, поздрави и посреќни!

Би можело да ве интересира

(видео) НизТриумфалната капија во Скопје “еурокомпозитовци“ без триумф

Елизабета Филипоска

Продолжува склучувањето на договори за производство на тутун

Гордана Цветаноска

Владата потпиша договор за државна помош со групацијата ВИК

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе