1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Снежна бајка во цела Македонија

Врнежите од снег кои започнаа локално доцна попладнево се проширија на територија на цела Македонија. По вчерашните слаби врнежи, вечерва пообилно вее снег во Пелагонија, во прилепско веќе се создава снежна покривка, која што е добредојдена за земјоделските посеви.

На Пелистер и во Битола врнежите се поинтензивни и според метеоролозите се очекува поголема снежна покривка.

А снег врне и во Охрид …

Според Авто-мото сојузот сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а снег вее на целата територија на Македонија.

Воведена е забрана за движење на камиони на патниот правец крак Маврово – Дебар во 17:50 ч. и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража во 18:50 ч, како и на регионалниот пат Велес – Прилеп и обратно, односно превој Плетвар од 20:35 ч.

Врнежите од снег се очекува да престанат во текот на ноќта, а утре УХМР прогнозира сончево време со умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната ќе достигне од -2 до 6 степени. 

Би можело да ве интересира

Проданоски: Во 2024 та да покажеме вистинска љубов кон татковината!!!

Пела Редакција

Сузана Николоска од ООУ„Кире Гаврилоски Јане“ меѓу најдобрите просветни работници во Македонија

Гордана Цветаноска

Дали ќе добиете домашна платежна картичка проверете на kupuvamdomasno.gov.mk 

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе