10.7 C
Прилеп
недела, 30 март, 2025
Пела Радио

И, Лазаров доби портрет од коса

Пред утрешниот меч со Словенија, капитенот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров, беше инспирација на фризерката со уметничко срце, Светлана Зуламоска Гроздановска, позната по изработка на портрети од коса, на познати јавни ликови. Лазаров уште вечерва се најде на фризерскиот „подот„ , со верба дека утре на “под“ ќе ги фрли противниците.

Ke sutira! I toa so 100km/h!!! Neka mu ja mislat tie na sprotivnata strana ????????????..A nie ke navivame za niv, za nas, ke navivame za Makedonija!!! ????????????????????????– напиша Светле по изработката на портретот од коса на Лазаров. А, Вие одлучете за афтентичноста!

Инаку,Кире Лазаров, беше еден од најважните ракометари во триумфот против Чиле, поради кој Македонија избори пласман во главната фаза на Светското првенство (СП) во Египет. Лазаров постигна дури осум голови и беше избран за најдобар играч на натпреварот, а организаторите го одбележаа неговиот настап.„Легендарниот Лазаров докажа дека годините се само бројка. Има 40 години, а игра како да има 20“, пишува на објавата.

Утре, во главната групна фаза на СП во Египет, репрезентацијата на Македонија игра против Словенија, в петок против Русија, а в недела ќе се сретне со Белорусија. Сите натпревари од втората фаза Македонија ги игра во ист термин. Средбите почнуваат од 15:30 часот.

Би можело да ве интересира

Македонија го чествува споменот и делото на Свети Климент Охридски

Гордана Цветаноска

Џудистите на Сеишин во акција за пошумување

Елизабета Филипоска

„Преродба“: Чудесната моќ на првото велигденско јајце?! Како се подготвува?

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе