7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Укинување на царинските давачки – стабилност за текстилните компании

Се укинуваат царинските давачки за одделни суровини и репроматеријали како помош на компаниите.

Со новиот владин  Пакет 5 економски мерки за справување со последиците од КОВИД,  Владата донесе одлука за укинување на увозните давачки – царинските стапки, за 71 одделни суровини и репроматеријали, кои се употребуваат во преработувачката индустрија.  Со одлуката, компаниите од секторите на метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија се ослободуваат од царинските давачки за една година, со цел да се зголеми извозната конкурентност на преработувачка индустрија. Како оваа мерка ќе делува на текстилната компанија Комфи Ангел ?

„Имено, со владината одлука, иницирана од иницијативата на ССК,  за ослободување од царинските давачки за репроматеријали, значително ќе и’ помогне на текстилната индустрија. Оваа заштеда, која ќе се случи во текстилните компании, претпоставувам, ќе биде од значителна влијание за нивниот раст и развој во иднина. Јас како менаџер на  Комфи Ангел, ја изразувам благодарноста, бидејќи ова се вистинските мерки за помош на компаниите, кои ќе им помогнат, пред се’, да ја задржат својата одржливост, конкурентност и стабилност. Ние од Комфи Ангел, секоја заштеда која ќе произлезе како резултат од оваа одлука, ќе ја фокусираме на дигитализација на компанијата, автоматизација  и проширување на онлај продажбата.“-изјави, менаџерот на Комфи Ангел, Ирена Јакимовска

„Резултатите од оваа мерка, како компанија, ќе ги ревидираме на крајот на  годината во зависност од севкупната количина на работа која ќе ја добиеме во текот на оваа 2021 година од висината на царинските давачки и висината на репроматеријалите кои ги увезуваме, бидејќи во овој момент цената на репроматеријалите претрпува одредени промени.„ – истакна Јакимовска.

Но, нагласи дека сите компании кои се извозно орентирани ќе имаат бенифит.

„Мерката е предвидена за извозно ориентираните компании, оние кои прават додатна вредност во процесот на производство. Како претседател на Регионалната Стопанска комора-Прилеп, мора да потенцирам дека ние во регионот имаме над 30-тина, а и повеќе, извозно орентирани текстилни компании, а оваа одлука, секако ќе има  позитивно влијание на растот и развојот на тие компании. Во оваа насока не смееме да го потцениме бројот на вработени кои се инволвирани во оваа индустрија. Можеби, додатната вредност не е голема, но тоа се трудоинтензивни гранки и чинат многу, и бројот на вработени во оваа индустрија не е за потценување. Од тие причини, оваа владина одлука ќе донесе стабилност на животниот стандард на оние кои работат во оваа индустрија.“- потенцира Ирана Јакимовска, Претседател на Регионалната Стопанска Комора – Прилеп.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Консолидацијата на Комбинатот е зад нас, да работиме на развојот(ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Тутунски ги награди најдобрите работници

Прилепска пиварница за 3,6 пати ја зголемила добивката за 9 те месеци од годинава, во споредба со лани

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе