29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Џудо тренерот злоставувал неколку девојчиња

46-годишен тренер по џудо кој доби притвор од 30 дена за злоставување на една малолетничка, осомничен e дека сторил и неколку продолжени кривични дела „обљуба со злоупотреба на положбата“. Истрагата досега открила дека се злоставувани три девојчиња од 14 години, пред кои тој блудничел, им се втурнувал и ги бакнувал, искористувајќи ја положбата како нивни тренер.

Случајот пред викендот го пријавиле во полиција родителите на едно од злоставените девојчиња, а потоа истрагата открила уште две жртви на тренерот.

Истражните дејствија продолжуваат, во насока да се открие дали можеби има уште обљубени девојчиња кои се плашат или се срамат да раскажат што им правел тренерот по џудо- пишува порталот sdk.mk

Би можело да ве интересира

ПОРАДИ ПОЖАР, ЗАТВОРЕН АВТОПАТОТ ВЕЛЕС – ГРАДСКО: Возилата се пренасочуваат по експресниот пат

На прилепчанка измамници и’ украдоа 6 илјади евра

Семејна расправија завршила со убиство во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе