21.6 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

Значително намален бројот на новозаразени со Ковид 19 изминатата недела

Во општина Прилеп за периодот од 25 до 31 јануари 2021 година, според вкупните бројки на заболени и починати од почетокот на пандемијата значително се намалил бројот во споредба со претходните седмици.

  • Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 25 до 31 јануари 2021 година, во општина Прилеп имало 44 нови случаи на Ковид-19;
  • Од последици на коронавирусот починале 4 лица;
  • Бројот на активни случаи изнесува 147; 17 лица се наоѓаат на болничко, 116 на домашно лекување, а 14 се лекуваат во дневната болница;
  • Во домашна изолација и самоизолација се наоѓаат 130 лица;
  • Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 4.563;
  • Од почетокот на пандемијата, од коронавирус починалe 237 лицa. 

Би можело да ве интересира

Канализција дури во 21 век е настан за одбележување

Елизабета Филипоска

Кадровски промени во институции во Прилеп

Елизабета Филипоска

Над 70 граѓански организации поднесоа барања до пратениците за измени во Законот за здравствено осигурување

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе