14.3 C
Прилеп
вторник, 22 април, 2025
Пела Радио

Компанијата Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, доби нов директор

Иван Костиќ е новиот директор на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП) ДОО Скопје, компанија која е резултат на стратешкото партнерство на тутунскиот гигант Филип Морис Интернешнл (ФМИ) и Тутунски Kомбинат Прилеп (ТКП). Костиќ, кој доаѓа на местото на доскорешниот директор Михаел Солтер, веќе 13 години работи во филијалата на Филип Морис во Србија, а за директор на ФМТКП доаѓа од позицијата Директор за стратешко планирање и програми за Југоисточна Европа.

„Со голем ентузијазам го преземам раководството на ФМТКП, компанија што се издвојува на националниот пазар, со соодветна тежина во економијата на земјата и со историја што ме инспирира и мотивира. Искуството од 13 години во ФМИ ќе биде ставено во функција на визијата за раст и генерирање на вредност за групацијата, на нашиот стратешки партнер ТКП, но и за општеството во целина. Се потпирам на исклучителните успеси на мојот претходник кого исклучително го ценам и почитувам, но и на фактот дека ќе работам со силен тим од интелегентни, талентирани и добри луѓе”, изјави Костиќ.

ФМТКП е основана во 2014 година како резултат на Договорот за стратешко партнерство помеѓу ФМИ и ТКП според кој новата заедничка компанија стана одговорна за производство, дистрибуција и продажба на брендовите од заедничкото портфолио на домашниот пазар. Благодарение на партнерството со ФМИ и исполнувањето на строгите принципи и стандарди за квалитет, во Македонија денес се произведуваат меѓународните брендови Честерфилд и Марлборо. ФМТКП минатата година на македонскиот пазар го донесе и IQOS, иновативниот уред на ФМИ кој го загрева, наместо да го согорува тутунот.

Би можело да ве интересира

Две минимални плати недоволни ни за основните потреби

Елизабета Филипоска

До крајот на мај барања за кофинансирање за набавка на трактори

(ВИДЕО)Половина од тутунската реколтата откупена, дополнителниот заменик министер Трипуновски на терен

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе