23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

10 ПРИЛЕПЧАНИ ЗАБОЛЕНИ ОД НОВИОТ КОВИД ВИРУС

Преку лабораторијата на МАНУ, досега во нашата земја се потврдени вкупно 45 случаи на „британски“ сој на коронавирус, од кои 10 се од Прилеп.

Преку Инфективното одделение на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“- Прилеп, на 7 февруари се земени брисови од петмина пациенти, на 6 февруари од двајца, а во последната недела од јануари од тројца пациенти. Од нив, седуммина се наоѓаат на домашно лекување, а тројца се хоспитализирани,информираат од ЦЈЗ-Прилеп

Од причина што „британскиот“ сој е позаразен во однос на претходниот сој, во наредниот период очекуваме зголемување на бројот нови случаи на коронавирус. Во таа насока, упатуваме апел до граѓаните максимално да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирус: носење заштитни маски, држење дистанца, миење раце, како и мерките на Владата за забрана за групирање на јавен простор.

Би можело да ве интересира

Уапсени двајца дрвокрадци во долненско

Најстариот Институт за тутун на Балканот, интересен за рускиот амбасадор во Македонија (ГАЛЕРИЈА)

Ученици од угостителската струка од Крушево учеа од светскиот познат кувар Саша Мишиќ

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе