7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Јакимовска: Заедно можеме да направиме големи промени во заштитата на работничките права!

Менаџерскиот тим на текстилната компанијата „Комфи Ангел“-Прилеп одлучи, заштитата и почитувањетo на работничките права да претставува основна компонента на компанијата. Компанијата се насочува кон  подобрување на сигурност и достоинството на работникот, како најважна компонента за продуктивна работа, одржлив развој  и стабилност.

Ниту еден работник нема да биде отстранет од работа и да остане  без работа. Компанијата е стабилна и е во добра економска кондиција.

Социјалната сигурност, безбедноста во работењето, почитувањето на работниците, заштита на работничките права ќе бидат начелата кои ќе се почитуваат за правичен и еднаков третман и еднакви можности за работа на сите вработени, беше нагласено на денешната средба од страна на менаџерскиот тим  на компанијата, Ирена Јакимовкса и Андру Брус, кои овој пат, заедно ја водеа месечната редовна средба со вработените .  

„ Заштитата на вработените при работа, дури и во вонредни услови како што се овие со здравствената криза, како и соодветно исполнување на работничките права, останува главниот приоритет на „Комфи Ангел“.Затоа, одлучивме и покрај редовното сандаче, во кое можете да ги оставате вашите забелешки и поплаки, како досега, по принципот на европските закони за работнички права, донесовме одлука да отвориме и посебена е- маил адреса, на која можете вие да ни пишувате и да ги изразувате вашите забелешки и поплаки, доколку ги имате, без оглед за кого се однесуваат. Електронската пошта ќе ја проверувам само ние, јас и Андру, и вашите поплаки и забелешки поврзани со работничките права  ќе бидат во целосна дискреција. Затоа ве замолувам да го користите овој начин на комуникација, со единствена цел заедно да градиме компанија која ќе остане и постои и после нас, што е и основното мото на НАШАТА компанија. Заедно, можеме да направиме големи промени во заштитата на работничките права!“- рече на средбата Ирена Јакимовска, менаџерот на компанија „Комфи Ангел“.

На средбата беше нагласена и важноста за задолжителното почитување на мерките на заштита од КОВИД 19.

„Мора да продолжиме и со задолжителната обврска на почитување на мерките за заштита од Ковид 19. Новиот т.н „британски сој“ го има и во Прилеп, и, за жал, Прилеп повторно е меѓу првите градови по бројот на заразени од оваа болест„ – потсети Јакимовска и замоли работниците да ги почитуваат мерките на заштита за да нема не одговорно пренесување и ширење на вирусот во работниот колектив.

И, овој пат на редовната месечна средба со работниот колектив се одржа распределувањето на средствата од месечниот солидарен фонд од работниците.

Дел од средствата од солидарниот фонд му беа доделени, хуманитарно, на Горан Андоноски, за негово лекување, а Рубин Стојаноски, беше извлечен како среќен работник, добитник на средствата од редовната месечна лотарија .

Би можело да ве интересира

Шеќеринска во Еурокомпозит: Трансформацијата на долгот кон ПИОМ е прв чекор за решение

За млади земјоделци поддршката се зголемува на 20.000 евра

Гордана Цветаноска

Утре на протест изглеуваат угостителите и туристичките работници

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе