20.4 C
Прилеп
сабота, 19 април, 2025
Пела Радио

Дарко Грозданоски e новот напаѓач на Победа

Досегашнииот напаѓач на Силекс, Дарко Грозданоски (15.4.1999 година) пролетва ќе го носи дресот на Победа Прилеп. Со тоа прилепскиот второлигаш во последните часови од зимскиот преоден рок обезбеди засилување на најневралгичната точка во тимот -напаѓач.

Тој во Победа доаѓа од Силекс, чиј играч беше изминатаата 1,5 година, а во есенската полусезона како позајмен фудбалер настапуваше за Тиквеш од Кавадарци при што  на 14 натпревари постигна 4 голови. Минатата сезона во Првата лига настапи на 20 натпревари за Силекс при што  постигна 2 гола(против Вардар и Струга Трим Љум)

Станува збор за млад но веќе афирмиран фудбалер кој  минал низ Младинската школа на Црвена Звезда , Чукарички и БСК Белград во кои тренери му биле познати имиња на српскиот фудбал како Огњен Короман, Александар Трифуновиќ, Душко Љубичиќ… Со доаѓањето во Прилеп младиот голгетер Грозданоски  има убава можност претстојната пролет со своите квалитети да се докаже во екипата на Победа која е составена главно од фудбалери негова генерација-родени 1999-тта година и со своите игри и голови му помогне на клубот во претстојната пролетна полусезона во која приоритет е сочувување на второлигашкиот статус.    

Би можело да ве интересира

РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА – Петејчук : Го направив вистинскиот потег со доаѓањето во Победа (ВИДЕО + ФОТО )

Нов пораз на Победа – според прилепчани лоша арбитража во Каменица (ФОТО)

Никола Димески

Петто реми на Победа на домашен терен

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе