11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Пелагониските стопанственици бараат решенија, Владата нуди – ветување!

Регионот кој што е втор по остварување според бруто домашниот производ – Пелагонија, не заслужува и по 3 децении од независноста на Македонија сеуште да лобира за да добие соодветна патна инфраструктурна мрежа. Автопатско решение за брз транспрост на патници и стока бараат стопанствениците од југозападна Македонија во која спаѓа Пелагонија, најголемата житница, производител на тутун, преработка на мермер, јаболка, 90 % млеко, енергенси, и туристички центар ако се земе во предвид Преспанско -охридскиот центар. Стопанствениците повторно го актуелизираа барањето за решавање на најважното прашање – експресен пат или автопатско решени за поврзување на регионот со остатокот од земјава, како дел од меѓународните патни правци со соседите: Грција и Албанија за брз транспорт на стоки и услуги и развој на економијата.

– Пелагонскиот регион е со околу 8 300 правни субјекти и е втор во Македонија, регион со 220 илјади жители, регион кој што создава 13% БТП , регион каде што со главните индустриски производни цели е прв регион и тоа со : 300 илјади литри млеко дневно, што е 90 % од производстводството во Македонија, со 1 100 000 јаболка, што е 90 % од целото производство, со 65 % производство на тутун, со енергија 90%. Но, сите овие бројки би биле уште поголеми ако ние овие барања кога настапуваме, кои се повеќе од 15 години кога бараме повеќе од 15 до 20 состаноци од коморите и со Владата дека најбитно со поврзување со Централна Европа, и со Северна Европа и со Југозападна Европа преку Италија и Грција, ни треба автопатско решение, рече Мирко Велковски, претстедател на Регионалната стопанска комора со седиште во Битола.

На средбата по барање на стопанствениците во Прилеп беа присутни вицепремиерот за економски прашања Фатмир Бетиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, Јован Деспотовски, како и градоначалниците на Прилеп и Битола Илија Јованоски и Наташа Петровска.

–Градежните активности од Градско до Дреново ги презеде компанијата „Штрабак” и од минатиот месец се воведени во работата. За втората фаза, клучка Дреново до Фаришката клисура, се знае дека и таму изведувачот ја напушти трасата. ЈП „Државни патишта“ објави нов тендер за изградба на останатите 65 проценти од делницата. Во овој момент се врши евалуација на пристигнатите понуди. Што се однесува до третата фаза, од Прилеп до Ленишки мост и изградба на третата лента, сега се врши проектирање. Ќе заврши до крајот на март, а во мај ќе се распише и тендер за изведување на градежните зафати. Во меѓувреме ќе се рехабилитира магистралниот пат Фаришка клисура-Прилеп и за изградбата на трета лента на Плетвар. Заврши тендерската постапка и во фаза е евалуацијата. Годинава ќе се рехабилитира патот Битола-Меџитлија, а се работи и на експресниот пат, изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

Дека  пелагонискиот регион е атрактивен за компаниите, пред се заради близината со Грција и пристаништето во Солун потврди и вицепремиерот за европски прашања Фатмир Битиќи, потенцирајќи дека вкупните инвестиции би изнесувале околу 300 милиони евра.

– Само годинава во инфраструктурата ќе се вложат над 200 милиона евра. Прилеп и Битола се општините кои добија најмногу средства од ТАФ-проектите и тоа три милиона евра, што е речиси 10 отсто од вкупните средства за сите општини. Ова само укажува дека, ако еден регион придонесува со 13 насто во бруто домашниот производ, а доби толкав износ, каков однос имаме кон локалната самоуправа. Пелагонискиот регион е атрактивен за компаниите. Пред сѐ поради близината на границата со Грција и пристаништето во Солун и затоа имаме намера овде да има вистински „инфраструктурен бум” со кој ќе направиме модерни и безбедни патишта. Вкупните инцвестиции во патната инфраструктура во овој регион наредните години ќе бидат околу 300 милиона евра, рече Битиќи.

На средбата се разговарало и за Петтиот пакет антиковид мерки за кои што стопанствениците имаат забелешки околу програмирањето и начинот на распределба на средствата.

Би можело да ве интересира

Пoтврдено – прилепскиот мед злато вреди!

Тестенините поевтинуваат за 15 %, а млечните производи за 10 %

Корона вирус – Стопанската комора за туризам ќе бара помош од државата

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе