11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во битката со короната почина легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ

Почина легендарниот пејач и кантавтор, Ѓорѓе Балашевиќ (67),роден во Нови Сад 1953 г ). Пејач, текстописец, вокалист и гитарист кои има издадено над 100 песни, од кои мнгубројни се безвремени хитови. Балашевиќ има издадено 14 студиски албуми, неколу албуми снимени во живо, преку 15 синглови и многу хитови.

Во 1977 откако станал дел од групата Жетва, во истата година го издаваат синглот „У раздељак те љубим“ и со тоа го остварува првиот свој успех. Синглот е продаден во 180.000 примероци, што за тоа време претставувало голем успех. Се декларираше како Југословенски пејач и беше еден од најомилените пејачи на сите генерации, препознатлив по неговите песни од стихови, по неговите карактеристични изведи и начин на пренесување на музиката до публиката

Легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ завршил превентивно во болница откако во последните десет дена се борел со пневмонија, пренесуваат српските медиуми.

Ѓорѓе (67) бил лекуван дома, но откако му се влошиле симптомите, тој бил примен на клиниката за инфективни болести во Белград.

Балашевиќ претрпел срцев удар пред две години, што ги загрижил и растажил неговите илјадници обожаватели, а потоа биле хоспитализиран во Институтот за кардиоваскуларни болести во Сремска Каменица откако му биле вградени стентови.Пред неколу недели се раболува од корнавирусот и не успеал да ја совледа битката со болеста.

Би можело да ве интересира

ЦУК спасил овчар кој со стадо овци бил заглавен на речен остров на Црна Река

Пела Редакција

Интервју со Наташа Стојкоска: „Витаминка за мене е многу повеќе од професионална работна обврска и менаџерска позиција“

Елизабета Филипоска

Прилеп го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе