Полициски службеници од Полициската станица Прилеп, денеска, 23.02.2021, го лишиле од слобода Д.К(33) од с. Бела Црква, прилепско, затоа што пред казино во с. Кривогаштани тој и уште едно лице физички го нападнале З.К.(29) од с.Славеј, вработен како обезбедување во казиното.
Исто така денеска во ОВР Прилеп , М.В.(58) од Прилеп пријавил дека во дворот што го користи затекнал едно лице како краде, при што лицето го нападнало со метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настаните.