11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Снегот го вклучи алармот во Општина Прилеп!

Чистењето на снегот од сообраќајниците на уличната и локалната мрежа во општина Прилеп, се одвива без застој согласно Програмата за зимско одржување на улиците и патиштата. Јавното претпријатие за Просторно и урбанистичко планирање, надлежно за надзорот на зимското одржување, во периодот од 15 ноември до 15 март, врши редовна контрола и увид на работата на теренот.
„Од почетокот на снежните врнежи се интервенира непрекинато на теренот. Се чистат сите улици во градот, во коишто има можност за пристап на механизација. Се интервенира и во населените места. Онаму каде што нема пристапен терен за механизацијата, на сообраќајниците и патиштата се интервенира рачно. Песочењето е контролирано, изведено е навремено и квалитетно“, изјави Лилјана Базеркоска, од ЈП за ПУП.
Поради минусните температури зголемено е количеството на сол што се тура по сообраќајниците, за да се постигне побрзо топење на мразот. За интервенција се користат, пет камион со плуг за чистење на снегот и посипувачи во градското подрачје.
Во населените места што гравитираат околу градот се интервенира со камион со плуг и градежна машина за чистење на снегот. Употребени се 87 м3 ризла со гранулат од 0-4 мм и 25 тони сол. Екипите се на терен во три смени и интервенираат деноноќно.
„И во периодот кога нема врнежи од снег, екипите се дежурни со 3 камиони со плуг и поставувач и 6 работници. Општата состојба на улиците е стабилна и под контрола“, акцентира Базеркоска.
Долку граѓаните имаат потреба за дополнителна интервенција, да се јават, на телефонскиот број: 078/308-053, за да се преземат активности за чистење на теренот и други проблеми, што можат да бидат предизвикани од снегот и ниските температури.

Би можело да ве интересира

Од денeска новa цена на струјата

Од четврток до недела Македонија во портокалова алертна фаза

Гордана Цветаноска

Два пункта за тестирање на Ковид 19 во Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе