8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

ОО ССДМ:„Не е училиште, туку домот на урбаната заедница „Тризла“

По вчерашните обвинувања на опозицијата дека гласањето за лидер на партијата СДСМ се одвива и во училишни простории во Прилеп, со соопштение до медиумите се огласи центарот за комуникации со јавност ОО СДСМ Прилеп, и со фотографии ја демантираа веста која се најде и на фан страната на лидерот на ВМРО ДПМНЕ. Во соопштението се вели:

„Уште еден во низата докази дека главниот извор на пласирање лажни вести во државата има име и презиме, а тоа е Христијан Мицкоски. Во целосен очај, со „разнишана“ лидерска фотелја во ВМРО-ДПМНЕ, на Мицкоски не му преостана ништо друго освен свесно да манипулира дека Општинската организација на СДСМ-Прилеп злоупотребила простории на училиште за внатрепартискиот изборен процес. Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, кој е во целосен распад, никој не нашол за сходно да го извести Мицкоски дека фотографијата на која се повикува, е направена во Домот на урбаната заедница „Тризла“, каде во една од просториите е поставена училишна табла и каде се одвиваше дел од вчерашното гласање. Мицкоски и апологетите на неговите лажни вести, никако да разберат дека времето кога образовните и другите државни институции беа во функција на партијата и на најбезобразен начин се злоупотребуваа во партиски цели, заврши и никогаш повеќе нема да се повтори. Вчера, СДСМ уште еднаш потврди дека е партија на реформите, модернизирањето и унапредувањето на севкупните демократските процеси во државата.„

Би можело да ве интересира

Грашеска Илиеска: Ребалансот на општинскиот буџет го открива лицемерието на локалната власт

Пела Редакција

Се асфалтираат градските улици – се крпат ударните дупки

ОК на ВМРО ДПМНЕ: Која е реалната цена на тутунот и дали таа е доволна и одговара со реалните трошоци и маката на тутунарите?„

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе