11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

РК „Прилеп“ згасна

Прилепчани оваа пролетна полусезона нема да гледа натпревари во Супер лига-мажи. Претседателот на клубот, Александар Мариноски, преку соопштение информираше дека Ракометниот клуб Прилеп, сениори, се откажува од понатамошно натпреварување во Супер машката лига,поради откажување на главниот спонзор Општина Прилеп .Во натпреварувачкиот систем остануваат само младинските, кадетските и пионерските категории

Соопштението ви го пренесуваме во оригналната форма:

„Веруваме дека на голем дел од Вас, нашата актуелна состојба ви е позната. Нашите чпроблеми кои се иисклучиво од материјална природа, траат од почетокот на натпреаврувачката сезона 2017/2018. И покрај сите проблеми успеавме да ја засилиме екипата со неколку играчи, а и да ја продолжиме традицијата и да го организираме меморијалниот турнир „Миле Нешпоски“. Како што течеше сезоната така растеа проблемите и обврските спрема физичките и правните лица.Спортски и со крајни напори го доигравме есенскиот дел од сезоната, благодарејќи на играчите и стручниот штаб. Очекувавме и се надевавме дека на паузата помеѓу првенствата дека нешто ќе се промени, дека ќе обезбедиме повеќе финансии за понатамошно функционирање, но за жал тоа не се случи. Во меѓувреме целиот тим се расформира, играчите си најдоа нови средини, а дел од нив одлучија да завршат со активно играње.До последен момент додека траеше прелазниот рок за играчи останавме активнми и очекувавме дека со неколку засилувања и останатите играчи од младинскиот погон да составиме конкурентен тим кој ќе успее да ја доигра сезоната и да се избори за опстанок на клубот.
Имајќи во предвид дека во изминатиот период не успеваме да го убедиме нашиот генерален спонзор за понатамошна соработка, со жалење ве известуваме дека Ракометниот клуб Прилеп се откажува од понатамошно натпреварување во Супер машката лига.
Јас како претседател на ракометниот клуб Прилеп, заедно со моите соработници сме особено горди на постигнатите резултати во изминативе 6 години од реформирањето на РК Прилеп 2010. Практично започнавме од нула, немавме никаква опрема и реквизити кои се потребни за нормално функционирање, но во нас беше само желбата и љубовта кон ракометот и градот.
Нашата желба Прилеп да има респектабилен клуб во државава ја направивме реалност. Клубот по 2 сезонии експресно влезе во Супер лигата, каде две сезони играше и во play off завршницата. Ја полневме универзалната сала во Прилеп со меѓусебните дуели со Вардар и Металург. Потоа изборивме и излез и во евро куповите на ЕХФ.
Клубот го поставивме на здрави темелии, а тоа се младинските категории со кои се натпреварувавме во младинскиите лиги на РФМ, пионери, кадети, младинци, а успеавме да оформиме и лига за почетници. Во сите овие години на постоење на клубот ангажираше познати и признати тренерски имиња на ракометот во РМ, како Орде Илијоски, Боро Чурлески и Томче Петрески, а беа ангажирани многу странски и домашни играчи како Мојсоски, Димитровски, Шаренац, Турченко, Орјоникидзе, и многу други.
Покрај досегашната поддршка на локалната самоуправа, како генерален спонзор, сето ова немаше да биде реализирано без поддршка на фирмите од градот како : Мермерен Комбинат – Прилеп, Витаминка, Конфекција Кули, Матадор и многу други кои помогнаа во функционирањето на клубот.
Уште еднаш да изразам голема благодарност од мое лично име и од името на стручниот штаб на Р.К. Прилеп до сите наши ракометарии и нивните семејства, на сите соработници и помагатели на РК Прилеп, РФМ како и на верната публика и навивачите на нашиот клуб. Ви благодарам на поддршката и разбирањето“, се вели во соопштението на претседателот на РК Прилеп ,Александар Мариноски.

 

Би можело да ве интересира

Четири фудбалерки од ЖФК Деспина во сениорската репрезентација на Македонија

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО) Зошто СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ Прилеп е вистински избор за деветтооделенците?

Тројно зголемен бројот на интервенции и повици во прилепската Брза помош

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе