11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Протестите на работниците од Еурокомпозит се селат пред Владата

Со двочасовна блокада на регионалниот патен правец Прилеп – Градско, кај Заполшки мост денеска, повторно, вработените од вработените од Еурокомпозит 11 Октомври го изразија својот револт за состојбата во која компанијата е веќе подолг период. Работниците не го прифаќаат предлогот од вицепремиерот Анѓушев за исплата на само една плата и пролонгиран рок од 6 месеци за изнаоѓање на трајно решение на Еурокомпозит.
– Нам, многу ни е жал, што со блокадата попречивме луѓето да си ги обавуваат редовните обврски, но само на ваков начин можеме да го свртиме вниманието за состојбата во која се наоѓа нашата компанија. Ние бараме да ни бидат исплатени 2 плати и итно решавање на проблемот со Еурокомпозит.Во петокот имавме состанок со Анѓушев, по не знам кој пат, и ништо не одлучивме. Пак ни ветува само една плата. Под тие услови, со една плата, ние кажавме дека не почнуваме да работиме. Веќе трет месец влеговме, ние сега ќе бараме и трета плата. Стана збор и за прогласување на една група од околу 100 луѓе за технолошки вишок. Тоа нас ни го кажаа дека во вторник во Влада ќе биде предложено, но ништо и од тоа не се случи. Директориве вчера беа дојдени, очекувавме дека ќе не викнат на некој разговор, но ни тоа не се случи и мислиме дека тие треба под итно да си заминат од нашава фирма, вели Роберт Богданоски, претседател на синдикална организација.
Многу нејаснотии се заплеткани во Еурокомпозит – загубарот од Прилеп во кој што со децении менаџерите се менуваат, но лек за проблемите никако да се најде.
-Едно не ми е јасно како можи Владава и претходната Влада на странските инвеститори, кои ги моли да вложуваат во Македонија и да работат, а 5 години за нивните вработени таа ќе плаќа придонеси. А ние државна фирма, 100% државен капитал на Република Македонија, од 2012 година не ни се платени придонесите. Кој аршин е тука?, вели Жарко Талески, вработен во „Еурокомпозит“.
Јалови се ветувањата како од претходните, така и од актуелната Влада. Работниците не гледаат светло во тунелот кој се повеќе се одолговлекува.
– Како што гледате, повеќе од 15 дена голготата наша продолжува. Значи никој нема слух, освен вице-премиерот Анѓушев, со кого остваривме 2-3 средби, но сето е тоа јалово. Ветувања немаме никакви. Сакаме да одиме Скопје. Имавме пишано повеќе писма до Премиерот за средба, бидејќи знаеме дека клучот е кај него. Значи приморени сме да одиме во Скопје и луѓето се со план и шатори да бидат поставени пред Влада се до остварување на средбата. Значи проблемите од прилика ги знаете и вие кои се, секој ден сте со нас и мислам дека доволно е и тоа. Нема што да се кажи друго. И за да се почни со работа, неотповиклива оставка на менаџерскиот тим, појасни Цветан Бунтески, член на синдикалната организација на „Еурокомпозит“
Состојбата во Еурокомпозит во неколку наврати беше предмет на разгледување во Владата, а претставници од синдикалната организација досега 3 пати преговораа со највисоките владини претставници – премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.
Работниците се наоѓаат во крајно незавидна состојба – непојмлива за една компанија во државна сопственост. Немаат подмирени придонеси за пензиско осигурување за последните 6 години, немаат здравствено осигурување, не земаат редовна плата, а работат без вода и затоплување во крајно лоши услови во фабриката. Синдикалната организација бара итна исплата на две заостанати плати, редовна исплата на бруто плати и трајно решение на судбината на единствениот загубар Еурокомпозит 11 Октомври.

Би можело да ве интересира

Витаминка избрана за најпосакуван работодавач меѓу македонските компании

Пела Редакција

Пет нови вработувања во локaлната самоуправа на Општина Прилеп

Елизабета Филипоска

Во прилепски Еурокомпозит е се полошо – протестите неминовин

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе