За утре, ндела *28 март , инспиративна еко акција во кој е добредојден секој. Акцијата започнува од 12,оо часот, на локација Маркови Кули. А, се покрена едно момче, вљубеник во чиста околина и во природата. Самоиницијативно, еко активистот, вљубеник во природата и во својот град, Виктор Петроски, за утре, преку социјалната мрежа Фејсбук, најави акција за чистење на Прилеп, за, како што вели тој „да го исчистиме градот“. Настанот е закажан точно напладне на Маркови Кули, а прва цел е средување на околината на Слонот.
Секој може да се приклучи, ако пронајде доволна инспирација за уживање во прирада, на сонце, сам или со пријатели, а доволно е да понесе кеси за собирање на отпадот и нараквици.
„Еден пакет кеси за ѓубре 10кеси е од 60 до 100ден. Малце и дружба, малце еко акција. Имаме вода изворска на 200м од слончето. Нека покажат прилепчани дека се луѓе! Настанов нека биди колективна инспирација да го видиме Прилеп чист. И, ве молам, не постирајте статуси од било каков демотивирачки карактер. Протоколите за Ковид да се почитуваат“-вели организаторот.
На настанот му се приклучува и Спелеолошкото друштво и спасителската служба „Златоврв„, како и прилепските извидници!
Добреројдено е вашето присуство и ширење на настанов 🙂
Posted by Viktor Petroski on Saturday, March 27, 2021
Да си го исчистиме градот.
1. Локација Маркови Кули На ден 28ви Март Недела во 12ч.
2. Локација Селце
3. Локација Волково
Еко акцијата требаше да се одржи на 21 март на Денот на пролетта. Но,поради временските услови,акцијта се пролонгира за оваа недела!