7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Објавен конкурсот за упис во средните училишта, во Прилеп за дуално образование се вклучуваат 15 компании

Министерството за образование и наука го објави конкурсот за упис во средни училишта во учебната 2021-2022 година. Новина е што со новата учебна година ќе воспостави поголемата соработка со бизнис секторот во согласност со профилите кои ги нудат училиштата, потребите на компаниите за обука и идно вработување на младите лица. Во Прилеп во процесот на дуалното образование и паралелките кои ќе бидат формирани за практична обука се вклучуваат повеќе компании и тоа:

КОМФИ АНГЕЛ, Тутунска Комбинат АД Прилеп, Институт за тутун Прилеп, ВИТАМИНКА АД Прилеп, ГЕНТЕРМ, ВИК, АГРОИНВЕСТ, КРИН КГ, Конфекција КУЛИ, ХАТРА, Пелагониска ревизорска куќа, МБ Офис Плус,” Мудрост”, Млекара Мики, Дониа и  Стара Фурна.

Конкурсот и деталјите тука

-Уписната политика за прв пат е креирана преку интензивна соработка помеѓу МОН, локалните самоуправи и бизнис заедницата во земјава, со што заедно се увиде потребата за отворање на нови образовни профили и паралелки во училиштата, а имплементацијата ќе биде поддржана со значително поголем износ на буџетски средства споредбено со изминатите години.

Со новиот конкурс оваа година отворени се 97 дуални паралелки со зголемен обем на практична обука за 2.001 ученик. Од нив, 11  паралелки се од веќе постоечки програми, додека дури 86 паралелки се резултат на нови соработки помеѓу училишта и компании кои изразија подготвеност да примаат ученици на практична обука директно на работно место.

Би можело да ве интересира

Уште една хуманитарна акција на учениците и вработените од СОУ „Орде Чопела“

Гордана Цветаноска

УКЛО воведе психолошко советувалиште со телефонска линија и електронски

Градинката „Весело штркче“ во Кривогаштани го прослави 10тиот роденден

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе