11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе ја изградите ли градинката, или ќе оставите само долгови?

    ОК на ВМРО ДПМНЕ денеска одржаа прес конференција на која потсетија дека будно ќе ја следат изведбата на новата градинка во населбата Точила. Прилепската опозиција се сомнева дека објектот ќе биде финализиран во најавениот рок. Пресот го пренесуваме во целост:

” На крајот од мандатот Градоначалникот Илија Јованоски и СДСМ се сетија дека имаат ветено изградба на детска градинка. На градоначалникот во заминување му беа потребни три и пол години за да почне да го реализира ветениот проект.

    Вчера се случи невиден циркус на кој без срам присуствуваа владините претставници, на чело со Премиерот кој се прошета со владиниот хеликоптер. А каде се денес? 

    Јованоски сметате ли дека ќе ја изградите градинката? Или ќе оставите долгови на следната власт? Наредните денови јавноста подетално ќе ја запознаеме со постапката за изградбата на овој објект. 

    Оваа локална власт одамна го изгуби легитимитетот пред граѓаните. Јованоски пред четири години ветуваше се и сешто и ако го читаме списокот на лажни ветувања ќе ни требаат не една туку многу прес конференции. 

    Почитувани сограѓани, Илија Јованоски ги прави последните активности како градоначалник на Прилеп. Остануваат уште неколку месеци до локалните избори кога конечно оваа власт, која се покажа дека е се освен народна, ќе си замине. 

    Со доаѓањето на новата локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе го вратиме сјајот на Прилеп. Ве уверуваме дека детално ќе се испита каде завршил секој денар од џебот на граѓаните . Одговорност мора да има и ќе има! Бидете убедени во тоа, рече Влатко Кузманоски од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп . 

https://www.facebook.com/watch/?v=2457000621090708

Би можело да ве интересира

Сугарески објави кандидатура за градоначалник на Прилеп

Елизабета Филипоска

ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп обвинуваат за партиски вработувања

Гордана Цветаноска

ОК ВМРО ДПМНЕ: Министерот Љупчо Николоски остана глув на барањата на тутунарите

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе