8.6 C
Прилеп
среда, 29 јануари, 2025
Пела Радио

Прилеп се збогува од Гоце Илиески, пожртвуваниот борец од Брзата помош

Центарот на Прилеп денеска беше во знакот на звуците на Брзата помош и возилата на прилепската противпожарна служба ТТПЕ, кои упатија последен поздрав со вклучени сирени со колона од возила за возачот во прилепската Брза помош Гоце Илиески.

Пожртвуваниот борец Гоце, вчера, ја загуби битката со ковид 19. За Гоце Илиески цела Македонија собираше донации за лекување.

Гоце Илиески со Ковид-19 се зарази на работното место, а во тешка состојба беше хоспитализиран на една од приватните клиники.

„И покрај желбата на целата нација Илиески, на 42 години, повторно да застане на нозе и да спасува животи тој засекогаш не напушти. Беше посветен сопруг и татко на две малолетни деца“, стои во објавата за неговата смрт.

Би можело да ве интересира

Започнуваат настаните со традиционалните Мариовско мегленски културни средби

Поради пожарите и топлотниот бран Владата прогласи кризна состојба на целата територија

Во Крушево нова количина маски за заштита од КОВИД 19

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе