5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

И, модуларната болница во Прилеп се полни – засега имунизирани над 350 лица

 Според македонските здравствени власти оваа недела е критична кога станува збор на натамошното ширење на вирусот во третиот бран, во кој се регистрирани голем број заразени и починати. Во ЈЗУ ОБ „Борка Талески„- Прилеп (во петте ковид одделенија), болничкиот капацитет е исполнет; хоспитализирани се 136 пациенти, а во модуларната ковид болница, која во петокот (2. 04 2021 г) беше пуштена во употреба и има капацитет од 35 легла, веќе се сместени 12 пациенти на кислородна поддршка со потешка клиничка слика.

„Сметаме дека овие денови сме го достигнале пикот. И, сега се надеваме дека ќе има благо опаќање на бројот на новозаразен. Моментно,од хоспитализираните лица 97се на кислородна поддршка, А,имавме до неодамна 105 / 110, лица. Останатите се со подобра клиничка слика. Но, сето ова незначи дека ќе треба да не се почитуваат мерките на заштита и дека здравствените работници ќи бидат растерети.“- посочува Кети Смилеска, дириректор на ЈЗУ ОБ „Борка Талески„ Прилеп, со проширена надлежност.

Здравствениот систем ,како што велат надлежните здравствени работници, сеуште е под голем притисок и во третиот бран на коронавирусот, бидејќи бројот на пациенти во болниците континуирано расте. А, бројките на имуинзација кажуваат дека таа се одвива со не толку брзо темпо.

Во Прилеп минатата недела од пријавените лица за имунизација со вакцината Астра Зенека, за три дена се вакцинирале 240 лица над 77 години, од пријавените за 260. Предходните два дена, од оваа недела, се имунизирале 101 лица од пријавените 120 . Во првиот бран за имунизација Прилеп доби 900 вакцини.

Би можело да ве интересира

100-тина Прилепчани пријавени за фаќање на Светиот крст

Елизабета Филипоска

Министерот Николовски во посета на Општина Прилеп

Гордана Цветаноска

ИН МЕМОРИАМ: Почина уметникот Илија Миноски – Мината

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе