11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Мала шумичка никна кај Селце од втората еко акција

Кога се сака родниот крај и чистата животна средина, може да се здружат силите и да се дејствува. Тоа го покажа групата ентузијасти кои денеска организирано настапија кај Селце, а попатно собираа отпад. На крајната цел – излетничко место Селце беа засадени дрвца, потребни да се возобнови природата после пожарот.

Иницијатор и на втората акција е Виктор Петроски кој успеа и овој пат преку социјалната мрежа Фејсбук да организира и да ги поттикне прилепчани да се вклучат во подигнување на свеста за поголема грижа за природата и за почист Прилеп :

“Покрај чистењето ѓубре од подвожнакот нагоре и околу манастирот, денес засадивме и една мала шумичка со повеќе од 150 дрвца.
Денеска покажавме дека на сите заеднички ни е Прилеп уште повеќе и секој треба од себе да си тргни. Да си ја одржиме и порасниме свеста за чист Прилеп.
Благодарност огромна до сета поддршка.
Левица
Извиднички одред Феникс
FitnesStudioLadyFit
Joga Studio Samadi
Vitaminka
@ротари
Проф. Димитар Николоски
Игор Трпчески
и сите други што учествувавте!”

https://www.facebook.com/groups/2658425041046647/permalink/2665860270303124/

Би можело да ве интересира

Масовна еко акција – „административците“ ја чистеа прилепската околина

Елизабета Филипоска

(пред-потоа)Прилеп во еко акција да си ја исчисти околината

Елизабета Филипоска

Аплицирајте за клима инвертер и велосипед, ова се условите:

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе