11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Талевски: Акциите на МВР се доказ за бескомпромисната борба против организираниот криминал и корупција

Прес конференција денеска одржа пратеникот и претседател на ОО на СДСМ Прилеп, Миле Талевски, на која се осврна на последните акции преземени од Министерството за внатрешни работи за разбивање на организирана група која незаконски издавала патни исправи, како и заплената на огромна количина на дрога се доказ за бескомпромисната борба против организираниот криминал и корупцијата.

Ја пренесуваме во целост:

„Последните акции што ги презеде Министерството за внатрешни работи за разбивање на организирана група која незаконски издавала патни исправи, како и заплената на огромна количина на дрога се доказ за бескомпромисната борба против организираниот криминал и корупцијата.

Овие две значајни акции каде се уапсени и вработени во МВР се потврда за професионалниот, ефикасен и неселективен пристап на полицијата во спречувањето незаконско дејствување.

Наместо како целата јавност да го поздрави постапувањето на полицијата, од ВМРО-ДПМНЕ повторно видовме обиди за одбрана на криминалот и криминалците.

Додека траеше сложена полициска операција „Двојник“ ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се обидоа да ја саботираат акцијата преку пласирање на информации во јавноста додека таа се уште траеше.

Откако не им успеа обидот за саботажа, од белиот дворец продолжија да шират лажни вести и дезинформации за акцијата, со што свесно и неодговорно ја загрозуваат натамошната истрага.

ВМРО-ДПМННЕ и Мицкоски идентично се однесуваа и за акцијата во соработка со нашиот партнер САД и нивната ДЕА, каде беше запленета голем количина марихуана.

Повторно лажни вести, повторно конструкции и повторно неосновани напади кон МВР и полицијата.

Очигледно е дека за ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо тоа што законите денес важат за сите подеднакво, тоа што денес никој не е над правдата и секој одговара за сторените криминали.

Тоа, не беше случај во времето на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Јавноста памети како во 2014 година, ВМРО-ДПМНЕ и тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска ја заташкаа аферата во која пасоши се печатеа во приватни домови.

Јавноста многу добро памети и како синот на Трајко Вељановски беше ослободен откако беше фатен со дрога на границата со Грција.“

Би можело да ве интересира

ОО на СДСМ: Во периодот од 12 годишното криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ, Прилеп безмалку го загуби епитетот „најспортски град во државата“

Елизабета Филипоска

Проданоски: Колку мисли Илија Јованоски да ја задолжи Општината?

Гордана Цветаноска

(Видео)Заев: За три години видовме сите што значи да се гради по план.Патишта, инфраструктура и капитални објекти…

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе