8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

ИН МЕМОРИАМ : Почина голманската легенда на Победа Гоце Груевски – Чолакот

Утрово на 46-годишна возраст во Мелбурн почина Гоце Груевски- Чолакот. Груевски беше дете на ФК Победа и нејзин капитен во сезоните кога прилепскиот клуб почна да ги бележи своите најголеми клупски успеси кои му овозможија и излез на меѓународна сцена. Гоце го чуваше голот на Победа покрај во домашните натпреварувања од 1997 до 2000 година и во настапите во Купот на УЕФА против Одра и Интертото купот против Озета Дукла Тренчин и на антологискиот двомеч со италијанската Перуџа.

Со своите одбрани во дресот на Победа го заслужи и дресот на македонската фудбалска репрезентација кој го носеше 8 пати( 3 меча во квалификациите за СП во Јапонија и Ј.Кореја 2002 и на 5 пријателски натпревари во 2000 и 2001 година).Потврда дека стануваше збор за еден од најдобрите голмани во тој период кај нас е фактот дека Гоце Груевски го чуваше голот на нашите најдобри клубови:Победа, Вардар, Работнички, Слога Југомагнат, Македонија ЃП и Беласица. Од 2006 година заминува за Австралија каде 14 години беше најпрво голман а последниве години тренер на голманите во најпопуларниот клуб на Македонците во Мелбурн-Македонија Престон,а работеше и во академијата на Манчестер Сити.

Би можело да ве интересира

Поради пандемијата световите за танцот застанаа – Денеска се одбележува МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ТАНЦОТ

Елизабета Филипоска

„Замина„ Тозовац- пејачот ја загуби битката со коронавирусот

Елизабета Филипоска

Пописот одложен за септември

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе