21.6 C
Прилеп
понеделник, 21 април, 2025
Пела Радио

Започна изградбата на спортската сала во ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“

Се работи за мултифункционална, енергетски ефикасна училишна типска фискултурна сала Модел-1 на површина од 650м2 , со соблекувални, санитарни јазли, туш кабини и кабинет за наставниците. Со изградба на салата, се обезбедуваат и сите реквизити потребни за квалитетна реализација на наставата по физичко и здравствено образование.

Спортската сала ќе биде погодна за кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал, пинг-понг и гимнастика, спортови потребни за правилен раст и развој на децата.

Оваа спортска сала е дел од проектот „Изградба и опремување на 145 училишни сали“,финансиран од Владата, а договорот за нејзината изградба го потпишаа Министерството за образование и наука(МОН), Општина Прилеп и ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“.

Градоначалникот Илија Јованоски, заедно директорката на ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“, Кети Стевананџија, денеска извршија увид во почетните градежни активности за изградба на салата.

Би можело да ве интересира

Парите и храната за „Тримири„ донирани – за хуманоста на „Преродба“

Елизабета Филипоска

ЈП „Комуна“ Крушево апелира до граѓаните…

Гордана Цветаноска

Јавно да проговориме кои се проблемите и решенијата во тутунопроизводството!!!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе