5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

OO СДСМ Прилеп: Власта инвестира во изградба на спортски објекти, од клучно значење во правилниот раст и развој на децата

Стартот на изградбата на спортската сала во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ беше тема на денешната изјава за медиумите и јавноста од Гордана Макалоска , од комисија за образование при ОО СДСМ Прилеп. Изјавата ја пренесуваме во целост:

„Започнувањето на изградбата на новата спортска сала во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ во Прилеп, потврдува дека локалната и централната власт, предводени од градоначалникот Илија Јованоски и премиерот Зоран Заев, водат вистинска грижа за правилен физички развој и создавање навики за здрав живот на најмладите.За прв пат од своето постоење, ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ ќе добие мултифункционална, енергетски ефикасна училишна спортска сала, која ќе биде погодна за кошарка, ракомет, одбојка, мал фудбал, пинг-понг и гимнастика.Станува збор за изградба на типска фискултурна сала Модел-1, на површина од 650м2 , во која ќе има соблекувални, санитарни јазли, туш кабини и кабинет за наставниците, а со нејзината изградба ќе бидат обезбедени и сите неопходни реквизити за наставата по физичко и здравствено образование.Спортскиот објект е дел од проектот „Изградба и опремување на 145 училишни сали“, финансиран од Владата, а договорот за изградбата го потпишаа Министерството за образование и наука, Општина Прилеп и ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“. Во своето 12 годишно владеење, претходната локална власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, потроши над 100 милиони евра, народни пари, а ги остави учениците од „Кире Гаврилоски – Јане“ без спортска сала.Благодарение на негрижата на ВМРО-ДПМНЕ, часовите по физичко и здравствено образование во ова основно училиште се одвиваа во импровизирана училница, која ни оддалеку не ги исполнуваше основните услови за изведување на предвидените активности по овој предмет.За разлика од нив, власта на СДСМ инвестира во изградба на спортски објекти, кои се од клучно значење во правилниот раст и развој на децата.Со чесен и одговорен пристап, градиме по план дури и во услови на економска и здравствена криза.“

Би можело да ве интересира

ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп: Прилепчани, директно на своја кожа ги почувствуваа катастрофалните политики на СДСМ и на Николовски!

Гордана Цветаноска

Богојески од Прилеп: Не сме сите исти, треба да ни дадете шанса!

ЛЕВИЦА – ПРИЛЕП:„ОПШТИНСКИТЕ ВЛАСТИ ГОДИНИ НАНАЗАД СО МИЛИОНСКИ СУМИ ГО ОГРАБУВААТ НАРОДОТ„

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе