10.7 C
Прилеп
понеделник, 31 март, 2025
Пела Радио

Пожарот ја уништи покуќнината на две прилепски семејства (ФОТО – ВИДЕО)

Семејствата Трајаноски и Крстески останаа без своите домови , откако вчера попладнето се случи пожарот кој ги остави без покрив на главата. Многу гареж , пеплишта и црнило низ просториите , кои останале да сведочат на немилиот настан за нив. Покуќнината уништена , а сликата по пожарот им дава само една и единствена надеж , да чекаат помош од хуманите луѓе.

ЦЕЛОСНО УНИШТЕНА ЕДНА ОД ПРОСТОРИИТЕ

За Зоран Трајаноски кој живее сам и нема примања ова е најтешкиот момент од неговиот живот. Тој сам успева некако да врзе крај со крај, но незнае што ќе се случи по оваа несреќа за него , зашто сега ќе треба привремено да престојува кај сестра му.

Во своето сведоштво за пожарот Сашо Крстески вели дека среќа што неговите извлекле жива глава навреме а тој во тој момент не бил дома. Тој вели дека потребна е помош од хуманите граѓани за да се надомести загубата , особено вели тој , сo градежни материјали и кој како може.

Додека бевме на лице место ги забележавме и солзите на лицата од двете семејства кои се подготвуваат пеплиштата и куповите на црнило да ги отстранат од домовите.Траумата од оваа огнена стихија ќе ја паметат засекогаш а болката …..посакуваме на никого да не му се случат вакви трауми.

УШТЕ ЕДНА ЦЕЛОСНО УНИШТЕНА ПРОСТОРИЈА

Она што е најважано, е дека во огнената стихија нема повредени и жртви , а и првиот човек на град Прилеп , Јованоски ветил првична помош , откако синоќа ги посетил овие семејства.

Сега кога се во една безизлезна ситуација , најважна е човечноста , најважна е хуманоста , најважно е да се помогне за да може овие две семејства повторно да се вратат во животен колосек.

Би можело да ве интересира

За 6 месеци 134 дилери на дрога уапси полицијата од СВР Битола

Пела Редакција

Ограбено казино во Прилеп

Пела Редакција

Полицијата апелира да не се палат стрништа, поднесени 8 кривични пријави

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе