-1.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Советот на општина Прилеп ја одржа редовната 55 та седница

И денешната седница се одржа онлајн и без прусуство на новинари. Советниците расправале по 31 точка на дневниот ред. Го пренесуваме извештајот на прес службата од општината:

„Покрај извештајот за извршување на буџетот на Општина Прилеп за првиот квартал од 2021 година, советниците донесоа Одлука за доделување на средства од општинскиот буџет на здруженија на граѓани и фондации, како и спортски клубови во областите од надлежност на Општината. За таа намена, од буџетот на Општина Прилеп беа одделени 6 милиони денари, од кои 4 милиони за спортски клубови и 2 милиони за здруженија на граѓани и фондации.

Членовите на општинскиот Совет ги изгласаа тримесечните извештаи за финансиското работење на општинските јавни претпријатија „Пазари“, „Комуналец“, Водовод и канализација“ и ЈП за ПУП, за периодот од 01.01.2021 до 31.03.2021 година.

Исто така, советниците донесоа одлука со која на ЈКП „Комуналец“ му доделија на трајно користење возило за собирање на комунален смет кое Општината го доби на основа на склучениот договор со Пелагонискиот плански регион, одлука за трајно користење на објекти на СОУ „Ѓорче Петров“, како и одлука за предавање на првонаграденото идејно решение за изградба на новиот театар, на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп.

Членовите на општинскиот Совет дадоа овластување за утврдување на приоритет и потпишување на Договор за имплементација на под-проектот „Реконструкција – рехабилитација на дел од улица „Мице Козар“.

На денешната 55 седница советниците ги усвоија измените и дополнувањата на Програмата за утврдување на критериуми и стандарди за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Прилеп, донесоа одлуки за легализирање на бесправно изградени објекти, како и повеќе други одлуки кои се од интерес на граѓаните на Општина Прилеп.“

Би можело да ве интересира

Пакет производи од Витаминка за 450 здравствени работници за пожртвуваноста во справувањето со КОВИД 19

Елизабета Филипоска

Од полноќ изборен молк пред вториот круг од локалните избори

Гордана Цветаноска

ПРОМОЦИЈА НА ПРОФИЛИТЕ ОД СОУ „ОРДЕ ЧОПЕЛА“ ВО РАМКИТЕ НА „ОТВОРЕН ДЕН“ ВО ПРИЛЕП ЗА ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе