11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Тутунарите најавуваат нови протести?!

Четирите тутунски здруженија од Пелагонија кои произлегоа од Иницијативниот одбор, организатор на протестите: Жолто тутунско злато – Прилеп, Тутунарска мака – Кривогаштани, Тутунари земјоделци – Дебреште, Тутунски земјоделци – Могила, преку отворено писмо до премиерот Зоран Заев, повикуваат на исполнување на, како што наведуваат – неговото ветување, за просечна цена од 180 – 185 денари по кгр предаден тутун од ланската реколта. Во спротивно, посочуваат дека повторно ќе излезат на протести. Писмото адресирано до Премиерот го пренесуваме во целост:

„Почитуван премиер,

На писмото на 4 тутунски здруженија упатено до ВАС за исполнување на ВАШЕТО ветување дадено на тутунарите за просечна цена 180-185 денари по килограм, ДО ДЕН ДЕНЕС НЕМАМЕ ДОБИЕНО одговор. Како новоформирани здруженија во кои тутунарите се повеќе имаат доверба во нашата посветеност за борбата против неправдите кои им се случуваат во моментов, како и секогаш така и сега, ДОКОЛКУ НЕ СИ СТОИТЕ НА ЗБОРОТ, ние први ќе повикаме на ПРОТЕСТ.

Имајќи ја во предвид пандемијата со КОВИД кризата, ВИ даваме во текот на наредната недела последна шанса јавно да одговорите КОГА И КАКО имате во план да го исполните Вашето ветување кое преку НАС им го ДАДОВТЕ на тутунарите. Не сакаме да помислиме дека ВИЕ во својство на премиер не’ ИЗЛАЖАВТЕ или не дај боже само не’ ИЗМАНИПУЛИРАВТЕ.Затоа како одговорни субјекти, ВИ даваме можност да се произнесете во спротивно нашите пари ќе си ги бараме на ПРОТЕСТИ,“ стои во писмото упатено денеска до премиерот Зоран Заев од тутунските здруженија.

Би можело да ве интересира

Боево гаѓање: Леково забранета зона, вторник и четврток

Гордана Цветаноска

Женските политички здруженија од Прилеп активно го одбележаа Меѓународниот ден на жената, 8-ми Март

Елизабета Филипоска

Досега, највисока бројка на заболени

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе