11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп реагираше на изјавата на Талевски

Регионалниот ценатр за комуникации, Прилеп од ОК на ВМРО ДПМНЕ -Прилеп, по изјавата на претседателот на ОО на СДСМ Прилеп, Миле Талевски, соопштија:

            „СДСМ постојано го покажува своето лицемерно лице, својата двојна улога во државата, па затоа не треба да коментира и да осудува, бидејќи никогаш не застанала зад граѓаните, зад нивните права. Во исклучителни случаи дури постапува и против граѓаните. Ниту ВМРО ДПМНЕ застанува зад насилници, ниту пак има режимско лице како што денес изјави Миле Талевски. ВМРО ДПМНЕ денес поддржа протест барајќи правда за лица кои се осудени за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Дали тоа што Миле Талевски на прес ги нарекува уставобранителите насилници и го употребува терминот насилство значи дека истиот е свесен за превисоките казни и мисли на некаква друга квалификација за друго кривично дело за кое се предвидени далеку пониски казни од оние изречените? Замислете – СДСМ реагира, а од друга страна на докажани криминалци и мафијаши во нивно време им се издаваат пасоши. Ете го двојниот стандард на СДСМ. Зошто Миле Талевски не излезе да ги осуди криминалните скандали кои ја тресат власта? Дали тоа значи дека ги поддржува аферите кои секојдневно ги продуцира СДСМ? Граѓаните гледаат, читаат, слушаат. Знаат да направат проценка и разлика. Затоа на следните избори на СДСМ ќе им дадат црвен картон и ќе ги симнат од власт. Прилеп е градот Херој и тој ќе каже НЕ за СДСМ!На локалните избори ќе избере власт која ќе се грижи за граѓаните, а не за своите џебови.“- се вели во соопштението до јавноста на ОК на ВМРО ДПМНЕ

Би можело да ве интересира

Ристески: Предвидуваме немилосрдна борба со корупцијата на секое ниво!

Пела Редакција

Николоски: Додека не се откупи последниот кгр домашен тутун, забрана за увоз од странство

Гордана Цветаноска

ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп: Власта уништува постоечки проекти, во неможност да реализира свои

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе