10.7 C
Прилеп
недела, 30 март, 2025
Пела Радио

Пакет производи од Витаминка за 450 здравствени работници за пожртвуваноста во справувањето со КОВИД 19

Витаминка донира пакети производи за 450 здравствени работници: од Инфективната клиника во Скопје, од Модуларниот Ковид центар во Штип и од Инфективното одделение од Прилеп, кои секојдневно се вклучени во борбата против Ковид-19. Секој од здравствените работници од овие одделенија во јавните здравствени домови, во пресрет на Велигденските празници доби по пакет производи од Витаминка и пакет масло Брилијант. Од компанијата велат дека целта на донацијата е да ја искажат својата поддршка и благодарност за пожртвуваноста во негата на пациентите и справувањето со состојбата со пандемијата.

“Здравствените работници во инфективните клиники остануваат нашите херои во целиот овој период, тие се најмногу изложени на ризик од болеста а истовремено се единствените што можат да ја дадат негата за болните од Ковид-19. Освен поддршката за нив, што треба да биде постојана, можеме да помогнеме само со нашето одговорно и совесно однесување да се заштитиме и нив да ги поштедиме. Витаминка, својата поддршка ја изразува и преку оваа донација и уште еднаш ја искажува благодарноста за нивната работа и пожртвуваност”, велат од Витаминка.

Од почетокот на пандемијата „Витаминка“ три пати донираше пакети со производи за
медицинскиот персонал во одделенијата каде се згрижени пациенти со Ковид-19, а во
повеќе наврати медицински препарати и заштитни средства за инфективните одделенија.

Би можело да ве интересира

Изминатата седмица 16 починати и 292 нови ковид случаи

Елизабета Филипоска

Користење на обновлива енергија за заштита на животната средина визија на Прилеп

Елизабета Филипоска

Прилеп во магла од прашина на првиот есенски ден

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе