Публикацијата “Положбата на руралните жени во македонското општество”, подготвена и објавена од Локалната Акциона Група ЛАГ Агро Лидер (Прилеп)ги идентификува клучните проблематики и предизвици сокои секојдневно се соочуваат жените во руралните средини, а се однесуваат на пристапот до права и услуги од социјална и здравствена заштита. Истовремено, анализите во публикацијата ги разгледуваатможностите за професионален развој,поактивно и сестрано вклучување во жените во економските активности.

Главните точки кои ги допираат спроведените теренски истражувања, содржани во публикацијата,се однесуваат на ограничувањата за економско и социјално унапредување на животот на жените во руралните средини, како и влијанието, односно последиците од пандемијата со КОВИД-19.Меѓу другото, презентираните резултати наведуваат на загриженост поради недостигот на официјални политики коигистимулираат женските економски активности, како и недостигот на социјалнаи здравственаинфраструктура во руралните средини, потврдувајќи на тој начин дека неопходни се промени во законодавната регулатива со цел постигнување на родоваеднаквост, социјална правда и заштита од дискриминација.Анализата, исто така, ги открива ограничените можности на жените во руралнитесредини за пристап до социјални, здравствени, образовни и економскиуслуги кои се важни за остварување на поквалитетни услови за живот, иврз основа на резултатите од истражувањето се формулирани препоракиза решавање на идентификуваните проблеми.

Потребата од опширни истражувања од овој тип се неопходни, доколку се земе во предвид дека руралните жени сочинуваат четвртина од светската популација и дека имаат значителен удел во развој на земјоделското производство,безбедноста на храната, движењето за климатските промени,претприемништвото и граѓанскиот активизам.
Накратко, да ја доближиме реалната ситуација, во прилог споделуваме неколку статистички податоци и заклучоци од спроведеното истражување:
- Бројот на жени-носители на стопанствата во рамките навкупниот број земјоделци изнесува само 10,4%, а само 12,01% од женитесе сопственици на земјиште со ниско учество во процесот на донесувањеодлуки релевантни за производствените активности.
- Од вкупно 175.088 регистрирани земјоделски стопанства (2020), само 38.328се регистрирани на жени како носители на земјоделските стопанства.
- Порадинедостаток на пари, неплатените работнички на земјоделските фармине се во можност да плаќаат самостојно пензиско осигурување (84%).
- Само 21% од анкетираните испитаничкиискористиле право на платенопородилно отсуство, од кои 19% се жени кои се/биле вработени војавен или приватен сектор, а земјоделството им е секундарна дејност.
- 86% од жените во руралнитесредини сметаат дека се соочуваат со ограничени можности восекоја сфера на живеењето.
Доколку сте заинтересирани да дознаете повеќе, публикацијата достапна е на следниот:
* Публикацијата е изработена во рамки на проектот „Одговор на социо-економските ефекти од КОВИД-19 преку поддршка на ранливите групи на ниско-платени работници, работници кои се дел од неформалната економија и привремено вработени работници”, што го спроведува конзорциум од 5 организации составен од: Институт за економски истражувања и политики FinanceThink – Скопје; Здружение за истражување и анализи ЗМАИ – Скопје; Здружение за истражување на политики Аналитика – Скопје; Здружение на граѓани Гласен текстилец – Штип и Здружение за рурален развој ЛАГ Агро Лидер – Кривогаштани, со финансиска поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија.