3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Тутунарите добија одговор од МЗШВ како ќе се распределат парите од Ковид пакетот

Невешто и омаловажувачко решение за распределба на средствата кои ги оддвои Владата за помош на тутунарите од 5 тиот пакет мерки во висина од 5 милиони евра пристигна до тутунските здруженија како одговор на барањата за рамноправна и рамномерна распределба на средствата, беше речено меѓу другото на денешната прес конференција. Според Игор Мирчески, координатор на новоформираните здруженија од Иницијативниот одбор, Министерството за земјоделство нуди по 12 денари за 3 и 4 класа и 2 денари за 2 класа, а воедно според пресметките остануваат средства наменети за тутунарите кои не се знае како ќе се поделат.

„ Како што знаете нашите здруженија испратија неколку писма до владата и до МЗШВ со неколку битни барања и предлози за решавање на последиците од ниската откупна цена во изминатата реколта. Во вчерашниот ден министерството конечно ни врати одговор единствено за 5 ковид пакет на каков начин планира да се распредели. Решението кое го нуди министерството е по 12 денари за 3 и 4 класа и 2 денари за 2 класа.

Воопшто не сме задоволни од овој обид да се манипулира со тутунарите и истите да се двојат во однос на ковид кризата. Како што знаете нашите барања за ковид пакетот беа да се распределат подеднакво по килограм тутун за сите тутунари. Ако е пандемија, пандемијата ги опфаќа сите подеднакво. На овој начин државата популистички сака да се прикаже како добротвор кој поделил ковид пакет и обештетил тутунари со низок просек. На тие што им зеде по 2 евра по килограм, сега сака да си ги измие рацете со мизерни 12 денари. Според писмото на МЗШВ замислете во 3 и 4 класа се откупени 65% од вкупното производство од лани. Ако процентите ги претвориме во килограми излегува од нашата анализа-  17 519 299  кг по 12 денари (ковид) изнесува:  3 418 400 евра. Во 2 класа се откупени 32% од вкупното производство или: 8 624 855  кг по 2 денари (ковид) = 280 484 евра. Вкупно 3 698 884 евра ќе потроши државата за ковид пакетот за кој како што знаеме сите беа оддвоени 5 милиони евра.

Каде се останатите 1 300 000 евра од ветените, а не  исплатени? Или уште едно прашање, ако во програмата за субвенции за оваа година се предвидени 30,7 милиони евра, а ќе бидат исплатени нешто помалку од 28 милиони евра, останатите  2, 7 милиони евра во што ќе се распределат? Или ако направиме вкупна анализа во однос на субвенции и во однос на Ковид мерката вкупно ќе се потрошат 31,7  милиони  евра, а државата обезбедила 35, 6 милиони евра. Остануваат 4 милиони евра. Нашата држава наместо да дава, крати од парите обезбедени за тутунарите. Што ќе рече дека со наши камења не’ удира по глава. На крај, јавно прашуваме, кои експерти се вклучени во ова смешно решение, дали се запрашани комбинатите, тутунските здруженија или странски експерти, но мислиме дека се вклучени манипулативни експерти. Бараме премиерот да не води популистичка и омаловажувачка политика со тутунарите, туку ковид пакетот да се распредели по сите класи подеднакво, а исто така да си стои премиерот на дадениот збор за 185 денари просек, кој им го вети на тутунарите, рече Игор Мирчески, додавајќи дека во време кога сите држави помагаат во вакви сектори, кај нас, тоа се крати на штета на тутунарите.

Тутунските здруженија бараа од ресорното министерство 5 те милиони евра од Ковид пакетот рамномерно и подеднакво да се распределат за тутунарите за да се обезбеди минимална помош за земјоделците. Во овој случај најголем дел од средствата ќе се распределат за 3 та и 4 та класа ( по 12 денари), за втората класа се предвидени 2 денари за кгр, а за највисоката прва класа нема средства од Ковид пакетот. Според одговорот од ресорното министерство се очекува во текот на месецов да се исплатат субвенциите за предадениот тутун од ланската реколта.

Би можело да ве интересира

Прилепчанец повредил полицаец

Пела Редакција

Неисправна вода за пиење во повеќе јавни чешми во прилепско

Елизабета Филипоска

Општина Прилеп и ЕВН потпишаа договор за квалитетно снабдување со електрична енергија во месноста „Три багреми“

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе