Основните училишта, „Добре Јованоски“ од населба Тризла-Прилеп , „ и ЦОУ „Исмаил Ќемали“ од с.Црнилиште во Долнени се дел од образовните исистуциите кои ќе добијат дел од неповратните средствата кои ги додлува Јапонија во висина од 400 илјади евра, за неколку здравствени и образовни иснституции во Македонија. Одобрените пари ќе треба да бидат искористени за реновирање и доградба на дотраените училишни згради.
Општината Долнени доби грант во износ од 44.238 евра за реновирање на училиштето Исмаил Ќемали во село Црнилиште. Училиштето комплетно ќе го реконструира дотраениот кров и ќе инсталира и спроведе нов систем за греење со што сосема ќе ги замени старите печки на дрва во секоја училница. Во Црнилиште учениците ќе добијат безбедна работна средина и загреани училишни простории.
Oсновното училиште „Добре Јованоски“ доби гранот од 49.456 евра. Наменет е за целосна замена на дограмата во училиштето, основно реновирање на тоалетите и преградување на нова просторија за советување на учениците и родителите, со цел да се обезбедат подобри услови за учење и работа во просториите. Училиштето континуирано работи на социјална инклузија и отстранување на предрасуди кај учениците.
Јапонскиот грант кој беше доделен минатата 2017 година треба да се имплементира, оваа, 2018 година. Поркрај овие две училишта, уште пет јавни здравствени установи и уште две општински основни училишта во Македонија се дел од грантот
Јапонија ја спроведува програмата за мали грантови во земјата од 1996 година, а доделената помош изнесува повеќе од 6 милиони евра. Со овие грантови, реновирани се повеќе од 60 училишта, набавена е опрема за 40 здравствени установи, а доделени се и повеќе од 20 специјализирани возила за јавните претпријатија. Во Македонија досега се доделени околу 420 милиони евра преку различни програми од Јапонија.
Програмата за мали грантови за човекова безбедност на Јапонија се спроведува точно 30 години во над 140 земји во светот. ГГП е дел од Официјалната развојна помош (ODA) на Владата на Јапонија која обезбедува поддршка на земјите во нивното остварување одржлив социо-економски развој на локално ниво. Поддршката е наменета за јавни установи, како што се училишта и болници, но и други непрофитни организации.