7.1 C
Прилеп
сабота, 7 декември, 2024
Пела Радио

Патронот на ООУ „Страшо Пинџур“,одбележан пред новопоставената биста на херојот

Едно од најстарите основни училишта во општина Прилеп,  „Страшо Пинџур“ во село Мало Коњари, денеска го чествуваше својот патрон празник. Во чест на херојот, беше откриена новата биста, дело на скулпторот Марјан Стојаноски. Присутните гости, делегации од Сојузот на борци Прилеп, од  Советот на Општина Прилеп, директори на сите основни и средни училишта, ученици и вработени положија свежо цвеќе и се поклонија пред бистата на народниот херој Страшо Пинџур.  

Согласно протоколите од пандемијата, одбележувањето се одржа на отворено, пред влезот на училиштето, скромно, со кратка пригодна програма .

-За жал оваа година патрониот празник го прославуваме во услови на светска пандемија и одбележуваме  106 години од раѓањето на Страшо Пинџур и 66 години од постоењето на училиштето.За прв пат ја  имаме таа чест да се поклониме пред новопоставената биста на нашиот патрон, народниот херој Страшо Пинџур.  Како образовна институција достоинствено го носиме неговото име и доследно ја следиме неговата искажана мисла „ Животот на човекот е бескраен стремеж кон нешто возвишено“, истакна директорката Ирена Кироска, потсетувајќи дека како колектив продолжуваат со својата визија на успешно рурално училиште .

За делото на Страшо Пинџур со пригоден реферат се претстави ученичката Анастасија Бумбароска, а ученичката Тамара Мишеска изрецитира лична творба за патронот.

Страшо Пинџур е роден во селото Ваташа, на 3 март 1915 та год. а од страшни измачувања во затворот, починал на  4 јануари 1943 во скопскиот областен затвор. Тој бил  македонски комунист, учесник во НОБ. Бил прогласен за народен херој на Југославија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Пописот беше со сите нишани!

Најдобрите аматерски филмаџии од Прилеп добија признанија од Фото Кино Клубот

Гордана Цветаноска

В сабота земјоделска трибина во врска со тутунскиот откуп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе