5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

ОО на СДСМ Прилеп: „СДСМ го унапредува образовниот систем етапно и во консултација со наставниците, родителите и учениците„

Со зачестените средби на градоначалникот Илија Јованоски со наставниците и Советите на родители од прилепските основни училишта, лагите за реформите во образовованието кои ВМРО-ДПМНЕ ги пласира во јавноста, се распрснуваат како меур од сапуница„- како одоговор на пресот на ОК на ВМРО ДПМНЕ -Прилеп со соопштение до медиумите и јавноста се обрати Центарот за комуникации со јавност од ОО СДСМ – Прилеп, во кое во продолжение се вели:

-Новиот автентичен, македонски модел за дигитализацијата на образованието, не значи целосно укинување на печатените учебници. За учениците од прво до трето одделение ќе се обезбедуваат хартиени учебници, додека за учениците од четврто и сукцесивно во погорните одделенија ќе се обезбедуваат дигитални учебници како прва опција, што значи дека учениците ќе имаат право на избор на кој начин ќе ја следат наставата. На оние ученици кои ќе изберат да учат од печатени учебници, ќе им бидат обезбедени од училиштето во кое ја следат наставата. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, која 11 години на диктаторски начин, од кабинет спроведуваше таканаречени реформи во образование, СДСМ го унапредува образовниот систем етапно и во консултација со наставниците, родителите и учениците.

Граѓаните многу добро ги паметат Кембриџ програмата и екстерното тестирање, кои беа само мал дел од експериментите на ВМРО-ДПМНЕ во образованието. Покрај тоа, во оваа прилика ќе потстетиме дека градоначалникот на општината, исто како и Министерството за образование, има обврска да се грижи за интересите на учениците, родителите и наставниците и да ги заштити од партиските манипулации, кои тенденциозно се шират во јавноста. Државата забрзано чекори напред, а дигитализацијата во сите сегменти од општественото живеење, е неизостваен дел од тоа. Само ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во минатото и во криминалната матрица на нивниот шеф Никола Груевски и продолжува да шири лажни вести, да опструира и злоупотребува ученици и родители.

Заради таквото деструктивно однесување, на ВМРО-ДПМНЕ неминовно им следува уште еден пораз на претстојните локални избори. – се вели во соопштение на Центарот за комуникации со јавност на ОО СДСМ Прилеп

Би можело да ве интересира

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп покажа елементарно непознавање на законите тврдат од Општина Прилеп

Елизабета Филипоска

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Прилеп го одбележа Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Елизабета Филипоска

Талевски: Грижата на СДСМ за земјоделците и земјоделството продолжува

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе