11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Тутунарите: Не не’ оттргнувајте од нивите за да не’ носите на патиштата!!!

Трпението на тутунарите е при крај во врска со исплатата на субвенциите, а особено со распределбата на антиковид пакетот наменет за тутунопроизводителите во висина од 5 милиони евра како дополнување и помош од државата за ланската реколта. Реагираат од новоформираните здруженија кои произлегоа од Иницијативниот одбор што ги организираше протестите, од каде во отвореното писмо бараат побрза исплата на субвенциите рамномерна распределба на средствата од антиковид пакетот.

“Почитувани тутунопроизводители, откупот на тутун заврши официјално на 31 03 2021 година.И покрај нашите обиди преку писма испратени до владата, и до ресорното министерство за побрза исплата на 5 ковид пакет и побрза исплата на субвенциите, до денес тоа не се случи.Иако имаше најави и од премиерот, а и во одговор на нашите писма од страна на МЗШВ дека тоа ќе се случи во првата половина на месец мај, тоа како што гледаме не се случи, а денес министерот во Битола изјави дека суште не бил разгледан на Влада 5 – тиот пакет мерки за тутунарите. Затоа, јавно прашуваме: што работеше министерството во изминативе 2 месеци? Согледувајќи ја несериозноста и пристапот со ова писмо упатуваме последен апел до министерството и Владата, да не одолговлекувате и да не манипулирате со нас тутунарите и да не ја влошувате дополнително и онака нашата тешка материјална состојба. Имајќи во предвид дека новата реколта веќе е во полн ек со расадувањето, потребите од финансиски средства ни се повеќе од потребни. За таа цел, бидејќи огромна група на тутунопроизводители кои се повеќе ни ја даваат довербата и бараат преку нас одговори од страна на институциите :

  • Исплата на 5 ковид пакет на сите тутунари подеднакво за сите класи.
  • Исплата на субвенциите веднаш и нивно израмнување на 90 денари по сите класи.
  • И исполнување на ветувањето на премиерот кое им го даде на тутунарите за просечна цена од 180-185 денари.
    Само на овој начин може да се ублажат загубите кои ги претрпевме во изминатата реколта. Секој друг начин го сметаме за популизам и манипулација на тутунарите од страна на институциите.
    Да ве предупредиме како бројно сериозна група која има важно значење во полнењето на буџетот на државата, нашите права ќе ги бараме на најтешкиот и најнепопуларен начин односно на протести кои ако не се исполнат овие наши барања ќе се случат наскоро.
    Затоа.
    Немојте да не оттргнувате од нивите и да не носите на патиштата. ОД ВАС ЗАВИСИ.
    Да бидеме одговорни секој во својот дел на делување е апелот на тутунарите” се вели во реакцијата од новоформираните тутунски здруженија.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција почувствуван и во Прилеп

Гордана Цветаноска

Победа во завршницата поразена од Скопје

Пела Редакција

„Прилеп Фото Фест“ за љубителите на фотографијата

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе