11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Градоначалникот Христоски: Добрата патна инфраструктура најважна за развој на Крушево (ВИДЕО)

Со буџет од само 100 илјади евра, но со помош од многу меѓународни и државни фондови го развиваме и градими Крушево и населените места„-вели во интервју за Радио Пела, градоначалникот на Оптшина Крушево,Томе Христоски, во емисијта “Одговрност и одговори„

Општина со 100 илјади евра буџет и многу проекти финансирани од фондови

„Ако сакаме да имаме препознатлива општина, мора  да се развива  Крушево, да се гради патната инфраструктура, да се подобрува водоснабдувањето во населените места… Ние имаме буџет од само 100 илиади евра. Додека некои градоначалници во Македонија купуваат автомобили со таа сума на пари,  ние располагаме цела година со тие средства. Но, има доста меѓународни фондови кои ги користиме, како и фондови од државата. Би рекол 60/70 % од фондвоите се отворени кон Крушево и ни стојат на располагање, а ние во наредниот период имаме околу 30 готови проекти и чекаме, само, да се создаде можност да аплицираме на некој од отворените повици. Инаку, 90% од буџетските средсва на општината одат за проекти. Тендерските документации ни се отворени, транспаретни и очетни. Ние немаме на тендерите исти фирми , постојано се бира најдобрата понуда од компаниите во Македонија, кои учестуваат на тендерите. Голем дел од јавните набавки ги објавуваат и министерствата или пак УЕНДП, како пример за реконструкцијата на школото во Борино. Тие го објавуваат огласот за тендерот и тие ја носат одлуката, ние само како општина сме приложиле документација за да се имплементира тој проект.„

– Во наредниот период, од Светска банка, се одвоени над 630 илијад евра и со тие средства ќе ги асфалтираме неколку улици: „Коча Миленко„ пато Врбоец – Кривогаштани, Врбоец – Св. Митрани…

Економската ситуација во Крушево стагнира со пандемијата

– Економската ситуација во Крушево стагнира со пандемијата. Ние ја проширивме индустриската зона „Опаленик„ и за таму пројавија интерес уште две компании. Но, понатамошните активности стагнираа поради коронавирусот. СЕКЕ ја закупи долната парцела, од 18.000 м2, ќе гради уште еден пункт; компанијата за млеко и млечни производи , Еко Шар, доби преку ИПАРД програмата над два милони евра. Го реконструира објектот, кој во ноември сака да биде пуштен во употреба и ќе преставува (со Би Милк) најголем млеко преработувач во Пелагонискиот регион, бидјеќи ваква компанија недостиасуваше во оваа област. Има уште двајца заинтресирани инвеститори за во оваа индустриска зона на Крушево, кои сакаат да инвестираа, но не сакаме во овој момент да ги откривеме нивните имиња, бидејќи сеуште го испитуваат теренот за инвестиција. (26.35 мин. ) Но,сепак за економски и туристички развој најважан е патната инфраструктурата, бидејќи сите стопанственици кои доаѓаат во Крушево прашуваат која е одалеченоста на Крушево до поголемите градови, до главниот град, до аеродромот во Скопје ..Државата мора да се определи кон изградба на брзи и квалитетни патишта…

Планирани манифестации и настани

– Започна пријавувањето за учество на Светското првенство во змајарство кое треба да се одржи во Крушево од 18 до 31 јули. Се очекуват до 140 учесници да земат учество од репрезентации кои доаѓаат од целиот свет, но сеуште е неизвесно учеството до крај, поради пандмијата. Од инвестиционите зафати започнуваме со изградба на контролна кула на полетувалиштето, кое навистина недостасуваше, предвидена е и сала за состаноци, а исто така тој објект би послужила и како простор кога има дожд или невреме за заштита на учесниците и посетителите на полетувалиштето. Имаме најава и за одржување на Државното првенство во маратонско пливање во крушевското вештачко езеро, веќе се подготвуваме за манифестацијата  „10 дена Крушевска Република“ во соработка со Историскиот Архив – Прилеп, кој ќе поуди нови интересни фотографии и документи од тој период.

Би можело да ве интересира

Изложба – Јордан Зазоски

Никола Димески

Денот на независноста – некогаш, и денес (АУДИО)

Гордана Цветаноска

ResPublica видео подкаст: Зошто токму сега ЕУ ги решава споровите на Балканот?

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе