1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Концерт на кој ќе посакате да присуствувате за да ги чуете Чајковски, Рахманинов, Чилеа…

В петок ( 21.05. 2021г) , во ликовниот салон од НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, во 18:00 часот, концерт ќе одржат Емили Христоска и Даниел Петрески, и двајцата студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје.
Ќе бидат изведени композиции од познатите комозитори: Глук, Чајковски, Рахманинов, Чилеа и други.

Концертот, според сите протоколи за заштита од корона вирусот, ќе трае околу 40 минути.

Емили Христоска е родена во 1998 година во Прилеп. Своето музичко образование го започнува во ОМУ „Ордан Михајловски – Оцка “ во Прилеп. Средно музичко училиште заврши во ДМУ во Битола.
Моментално е студент на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на проф. Марија Муратовска Наумовска.

Даниел Петрески е роден во 1997 година во Кичево. Своето музичко образование го започнува во ДМУ – Битола на насоката музичар теоретичар. Во текот на средното образование има освоено повеќе први награди на државните натпревари од областа на теориските предмети (солфеж,хармонија).

Би можело да ве интересира

(фото)Новогодишен концерт на прилепското основно музичко училиште

Елизабета Филипоска

Огромен интерс во Солун за уметничкиот штанд на Центар за современа ликовна уметност – Прилеп

Елизабета Филипоска

Јана Ј. Ристески: Потребен е културниот менаџмент во Македонија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе