1.6 C
Прилеп
петок, 17 јануари, 2025
Пела Радио

Гиче Локвенец : Одбојкарскиот клуб 11-ти Октомври ми е во срцето (ВИДЕО + ФОТО)

Одбојката му е во срцето а во ракометот доби полна афирмација како генерален секретар , но секако беше и главен организатор во спортската сала на Тутунскиот Комбинат. Тоа е прилепската легенда Глигурче – Гиче Локвенец кој во својот живот максимално е посветен на спортот. Започнал со одбојката уште на дванаесетгодишна возраст , тогаш како дел од екипата на Тутунски Комбинат.

Нормално сите го препознаваат како Гиче одбојкарот, но тој во нашата програма во живо се потсети и на времето кога и долго време , малиот фудбал како спектакл знаеше да го негува во организацискиот дел , со тоа што на времето за публиката која доаѓаше во салата , вели тој , се делеа многу вредни награди со богата културна програма , па дури и организацијата на турнирот во мал фудбал додели тогаш и дујќан за редовен посетител.

Локвенец при гостувањето во нашата програма во живо истакна дека со ракометот пак како спорт стекнал уште поголема афирмација. За почетоците на неговата кариера но и за неговото искуство како генерален секретар и организатор погледнете во целосниот разговор во видеото подолу.

Би можело да ве интересира

Ракометарите стартуваат од денеска – Чантурија ќе го “крои” составот (ФОТО)

Никола Димески

Победа на раскрсница: ликвидација или финансиска стабилност?

Златно спортско перо за Кирил Самарџиоски

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе