1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Започнаа теренските активности на ЕВН за зајакнување на напонот во Три Багреми-Тризла

Започнаа теренските активности на ЕВН за зајакнување на напонот во Три Багреми во населбата „Тризла“.Целта е подбрување на квалитетот на ЕЕ во делот на населбата Тризла т.н „Три багреми“.

Станува збор за неурбанизирана населба надвор од градот каде живеат 200 домаќинства и имаат проблеми со лошото напојувањето на ЕЕ .

„Сите овие активности се насочени кон подобрување на општата состојба на жителите од „Три багреми“ во делот на квалитетен пристап до ЕЕ „ истакна Несиме Салиоска од Рома С.О.С ,чие здружение беше иницијатор за подобрување на состојбата на ромското населне во овој дел од населбата Тризла   „Но, оваа е прва фаза и е само технички зафат на ЕВН за подобрување на квалитетот на ЕЕ. Веднаш треба да се размислува за  втората фаза од проектот, бидејќи сите оние домаќинства во “Три Багреми“ кои немаат легален приклучок за струја, ќе треба да се размислува за нивно приклучување во мрежата.„- истакна таа на седбата со градоначалникот, која беше организирана пред месец дена,на која  присуствуваа и Министерот без ресор, Аксел Ахмедоски и пратеникот Самка Ибраимоски.

 

Би можело да ве интересира

Во една седмица се разболеле 198 лица

Елизабета Филипоска

Донкихотска битка на вработените од Еурокомпозит за нивните работнички права

Елизабета Филипоска

Општина Прилеп ги интензивира активностите за отворање на дневниот Центар за деца со церебрална парализа

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе